Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 3:46 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    11/24 декември ПРЕПОДОБЕН ДАНИЛО СТОЛПНИК

    ПРЕПОДОБЕН ДАНИЛО СТОЛПНИК

     
    Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија од христијански родители, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети Св. Симеон Столпник и го доби неговиот благослов. Желен за самотија, Данило го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата и знакот на крстот. Потоа се качи на столбот на којшто остана сѐ до својата смрт, поднесувајќи ги еднакво жегата и студот и нападите од луѓето и демоните. Околу неговиот столб се собраа голем број ученици и тој, со својот пример и поучувајќи, сите ги водеше кон живот во светост. Овој Свој слуга заради ползата на луѓето Бог го даруваше со голема блaгодат на чудотворство уште за време на животот. Беше голем проѕорливец на идните настани. Под неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, во потрага по помош и совет од Божјиот светител. Кај него доаѓаа цареви, патријарси и прости луѓе. Царот Лав Велики своите гости државници од странство ги водеше под столбот на Св. Данило и им го покажуваше светителот велејќи: „Ете го чудото во моето царство!" Преподобен Данило си го прорече денот на својата смрт, ги поучи своите ученици и се прости. Пред неговата смрт учениците видоа над столбот ангели, пророци, апостоли и маченици. Овој ангелски човек поживеа осумдесет години и се упокои во 489 година.
     
    ПРЕПОДОБЕН ЛУКА СТОЛПНИК
     
    Живееше во Цариград во времето на царот Константин Порфиророден. Како војник учествуваше во војната против Бугарите, во која виде погибел на илјадници луѓе, а самиот излезе жив и неповреден. Согледувајќи го во тоа спасение прстот Божји, ја презре суетата на светот, се повлече на еден столп кај Халкидон и таму се подвизуваше цели четириесет и пет години, чистејќи си го срцето од сите гревовни помисли и желби. Се упокои помеѓу 970 и 980 година.
     
    ПРЕПОДОБЕН НИКОН СУВИОТ
     
    Како монах во Киевските пештери беше заробен од Татарите. Во тоа ропство помина три години, мачен, окован, и понижуван. Кога едни негови роднини донесоа пари за да го откупат, тој одби велејќи: „Да сакаше Господ да бидам слободен, немаше да ме предаде во рацете на беззакониците!" Еднаш му рече на господарот дека Христос за три дена ќе го ослободи од ропството. Татаринот мислеше дека робот ќе му побегне, па му ги пресече жилите на колената. Но на третиот ден Никон нависитна со невидлива рака беше пренесен во Киев. По извесно време дојде Татаринот во Киев и го препозна својот бивш роб Никон, се покаја и се крсти. И тогаш му стана послушен на својот поранешен роб. Никон, наречен Сувиот заради истоштеноста на неговото тело, беше голем проѕорливец и чудотвотрец. Се упокои мирно во Господ на 11 декември 1101 година.
     
    СВЕТИОТ МАЧЕНИК МИРАКС
     
    Мисирец. Залажан од муслиманскиот емир го прими исламот. Потоа се покаја, влезе во џамијата со крст, се објави себеси за христијанин и ги повика муслиманите да ја остават лагата и да ја примат вистината. Мачен и убиен во 640 година.
    Rating: 0.0/0
    Views: 275 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024