Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 0:22 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    15/28 јуни СВЕТИ ПРОРОК АМОС

    СВЕТИ ПРОРОК АМОС

    Светиот пророк Амос е трет од 12-те мали пророци, живеел во VIII век до Рождеството Христово. Во она време еврејскиот народ бил разделен на две царства: Јудејското и Израилското. Во Ерусалим владеел јудејскиот цар Озија, а со 10-те израилски колена кои се одвоиле - Јеровоам II, идолопоклоник. Во Ветил тој поставил кумир во облик на златно теле, на кого и му се поклонувале израилците кои отстапиле од Вистинскиот Бог.

    Пророкот Амос бил јудеец, од местото Фекуи. Прост и необразован, но силен по вера и ревност за слава на Вистинскиот Бог овчарот бил одбран од Господа за пророчка служба и испратен во Израилското царство за разобличување на нечестивиот цар Јеровоам и израилците кои отстапиле од Бога. Пророкот им ги претскажувал големите несреќи, на кои ќе биде подложено Израилското царство и незнабожечките народи кои го опкружуваат, за својата нечестивост. Поради своите разобличувања пророкот Амос повеќе пати бил тепан и трпел прогонство. Но пак се враќал во Ветил и, застрашувајќи ги со неминливите несреќи, продолжувал да ги повикува израилците на покајание. Особено пророкот бил мразен од жрецот на идолскиот храм, Амасиј. Пророкот му претскажал нему и на целиот негов дом брза погибел и за тоа бил тепан. Синот на Амасиј, Озија, го удрил светиот по глава со стап и тешко го ранил. Пророкот Амос, одвај жив, успеал да дојде до своето родно место и таму се упокоил.

    Rating: 0.0/0
    Views: 244 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024