Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:40 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    30/12 септември СВЕТИ АЛЕКСАНДАР, ЈОВАН ПОСТНИК И ПАВЛЕ НОВ, ПАТРИЈАРСИ КОНСТАНТИНОПОЛСКИ

    СВЕТИ АЛЕКСАНДАР, ЈОВАН ПОСТНИК И ПАВЛЕ НОВ, ПАТРИЈАРСИ КОНСТАНТИНОПОЛСКИ

     

    Светителите Александар, Јован, и Павле, патријарси Константинополски живееле во разно време, но на сите им паднало во удел да се судрат со еретиците, кои го расипувале учењето на Црквата. Свети Александар (325-240) бил хороепископ (викариј) при првиот патријарх Константинополски, светителот Митрофан (315-325) и поради старост го заменувал на Првиот Вселенски Собор во Никеја против аријанците (325). Пред смртта светителот Митрофан оставил завет на константинополскиот престол да го постават неговиот викариј. Тогаш, светиот патријарх Александар бил принуден да се бори со аријанците и незнабожците. Еднаш, спорејќи со еден незнабожечки философ, светителот му рекол: “Во името на нашиот Господ Исус Христос ти заповедам да замолчиш!“, и незнабожецот одеднаш станал нем. Кога со помош на знаци ја признал својата заблуда и убедувањето во вистинитоста на христијанското учење, му се вратил говорот и тој поверувал во Христа со многу други философи-незнабожци. По молитвите на светителот Александар бил казнет еретикот Ариј. Тој лицемерно се согласил да стапи во општење со православните и императорот, свети Константин Велики, назначил ден на примање на Ариј. Цела ноќ светителот Александар се молел, просејќи од Господа да не дозволи еретикот да стапи во општење со Црквата. Утрото, кога Ариј торжествено одел кон црквата, опкружен со царските советници и оружјеносци, на Константиновиот плоштад бил поразен од болест - стомакот му се скинал и му паднале цревата.

    Светиот патријарх Александар, откако многу се потрудил, се упокоил на 98 години во 340 година. Подоцна, во пофално слово, на жителите на Константинопол, им го споменувал светителот Григориј Богослов (Назијанзин) (се слави на 25 јануари).

    Светителот Јован Постник (582-595) Црквата посебно го спомнува на 2 септември.

    Светителот Павле, по род Кипрјанин, бил поставен за патријарх Константинополски (780-784) при императорот-иконоборец Лав IV Хазар (775-780). Тој бил добродетелен и благочестив, но плашлив човек. Гледајќи ги мачењата, кои православните ги претрпувале за светите икони, светителот го криел своето Православие и општел со иконоборците. По смртта на императорот Лав тој сакал да го воспостави почитувањето на иконите, но не можел тоа да го исполни, бидејќи иконоборците веќе цврсто се зацврстиле. Светителот сфатил, дека нема сили да управува со паствата, го оставил патријаршискиот престол и тајно отишол во манастирот на свети Флор, каде примил схима. Тој се покајал за своето молчење и општење со иконоборците и се искажал за неопходност за повикување на Осмиот Вселенски Собор за осудување на иконоборската ерес. На патријаршискиот престол, по негов совет, бил избран светителот Тарасиј (784-806) кој во тоа време бил прв царски советник. Светителот-схимник се упокоил во 784 година.

     

    Rating: 0.0/0
    Views: 408 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024