Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:05 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    9/22 октомври СВЕТИ АПОСТОЛ ЈАКОВ АЛФЕЕВ

    СВЕТИ АПОСТОЛ ЈАКОВ АЛФЕЕВ

    Светиот апостол Јаков бил син Алфеев и брат на апостолот и Евангелист Матеј, кој претходно бил митар.

    Кога нашиот Господ Исус Христос престојувал на земјата во плот, за апостолско достоинство избирајќи прости и благочестиви луѓе, за да ги испрати на проповед на Евангелието во вселената, тогаш Он го избрал и овој Јаков и, како достоен, го причислил кон апостолски лик (Мат. 10, 3; Марко 3, 18; Лука 6, 15). И Јаков станал еден од дванаесете апостоли, самовидец и слуга Христов, проповедник на Неговите тајни и Негов следбеник.

    Примајќи го со другите апостоли Светиот Дух, Кој слегол на нив во облик на огнени јазици, тој се упатил кај незнабожците да им го проповеда Христа и да ги поучува заблудените на патот на спасението.

    Распалувајќи се со огнот на Божествената ревност, тој го уништувал трњето на безбожништвото, ги разбивал идолите, ги уривал храмовите, лечел од разни болести, ги изгонувал од луѓето лукавите духови и голем број на луѓе привел кон Христа, поради што и го придобил новото име: семе Божествено.

    Бидејќи тој во срцата човечки го сеел Божјото слово, ја посадил верата и ја зголемил благочестивоста: заради ова тој и бил наречен Божествено семе.

    Обиколувајќи многу земји, тој го сеел небесното семе, ја собирал жетвата на спасението човечко, и својот земен тек го завршил по Христовите стапки: подражавајќи ги Христовите страдања, тој го предал својот дух на Бога закован на крст.

    И било собрано ова Божествено семе, светиот Јаков, со плодовите принесени стократно, во небесната житница; таму наситувајќи се со гледањето на лицето Божјо, тој и за нас се застапува со своите молитви за истото наситување.

    Rating: 0.0/0
    Views: 448 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024