Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2024-12-28, 7:27 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    10/23 октомври СВЕТИ МАЧЕНИЦИ ЕВЛАМПИЈ И ЕВЛАМПИЈА

    СВЕТИ МАЧЕНИЦИ ЕВЛАМПИЈ И ЕВЛАМПИЈА

    Святые мученики Евлампий и Евлампия / Патриархия.ru=

    Мачениците Евлампиј и Евлампија биле брат и сестра. Тие живееле во градот Никомидија при императорот Максимијан во IV век. Кога на градската врата бил закачен указ за преследување на христијаните, Евлампиј почнал да се потсмева над таквата заповед на царот, кој не истапува против непријателите на татковината, а против невините и корисни луѓе. Него го фатиле и го извеле на суд. Судијата, гледајќи ја младоста на Евлампиј, започнал преку ветувања за почести да го тера да се одрече од Христа. Потоа, откако Евлампиј откажал да се одрече, наредил да го измачуваат. Толку многу го мачеле што цело тело му било една голема рана, а потоа го ставиле во корито усвитено од оган. Но Господ го чувал светиот; тој излегол од таму потполно здрав. Откако слушнала за маките на братот, Евлампија дошла на местото каде го мачеле и громко извикала: “Зошто не ме извести, за од почеток да можам со тебе да ги трпам маките? Не сме ли заедно воспитани и научени да веруваме во едниот Бог?“ Светата започнале да ја удираат по лицето така што сосем ја изобличиле. Свети Евлампиј ја крепел сестра си со зборовите Христови: “Не плаши се, сестро, од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат“. Најпосле и двајцата ги фрлиле во разгорена печка, но пламенот во печката се оладил, и Евлампиј го исекле со меч, а Евлампија починала претходно. Гледајќи ги чудата што се случувале за време на мачењето на светите Евлампија и Евлампиј, многумина поверувале во Христа.

    Rating: 0.0/0
    Views: 231 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024