Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 9:48 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    12/25 октомври СВЕТИ МАЧЕНИЦИ ПРОВ, ТАРАХ И АНДРОНИК

    СВЕТИ МАЧЕНИЦИ ПРОВ, ТАРАХ И АНДРОНИК

    Мачениците Пров, Тарах и Андроник пострадале во 304 година при императорите Диоклецијан и Максимијан. Сите тројца имале значајно потекло. Тарах бил во поодминати години, а Андроник бил се уште момче. Три пати ги истјазавале, пред да ги убијат. На убедувањата да им принесат жртви на идолите свети Тарах велел, дека тој принесува жртва на единиот, велик и вистински Бог, и принесува не во крв, а во чисто срце. “Помогни му на слугата Твој, Господи“! - се молел за време на мачењето свети Пров. “Каде е твојот помошник?“ - се смееле мачителите слушајќи ја неговата молитва. “Знаете ли дека“ - им велел светиот маченик - “кога моето тело страда, мојата душа се исцелува и оживува?“ “Послушај ме, како татко. Види: оние, кои зборуваа безумни зборови, слично на тебе, не примија никаква полза“ - му велел мачителот на Андроник. “Ти мислиш дека јас сум толку безумен“ - одговорил Андроник - “што ќе се покажам полош од своите другари?“ За време на третото мачење на Пров насилно во устата му ставиле жртвено вино и месо, но тој рекол, дека тоа ништо не значи, затоа што него го принудиле. Маките на мачениците биле ужасни, колку што човечката злоба може тоа да го смисли. Најпосле ги извеле на стадионот, за да ги предадат на растргнување на ѕверовите пред очите на многубројниoт народ; но ѕверовите спокојно легнале околу мачениците. Владетелот се разгневил и наредил да ги претепаат организаторите на стадионот и самите ѕверови, а светите маченици да ги исечат со меч. Ги исекле и телата им ги разделиле на ситни делови. Христијаните ги собрале деловите и ги погребале.

    Rating: 0.0/0
    Views: 314 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024