Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 11:09 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    13/26 октомври СВЕТИ МАЧЕНИЦИ КАРП И ПАПИЛА

    СВЕТИ МАЧЕНИЦИ КАРП И ПАПИЛА

    Светите маченици Карп и Папила се родиле во Пергам од благочестиви родители. Многу години се подвизувале во пост и во молитва и во се се уподобиле на ангелите. Кога го достигнале христијанското совршенство, Карп го посветиле во епископ Тиатирски, а Папила  - во ѓакон, и двајцата го проповедале словото Божјо на жителите на Тиатир. Славата за нив се разнела по околните места, и многу незнабожци кои доаѓале да ги слушнат светите, биле приведувани во верата во Христа и се крштевале.

    Но за тоа дознал императорот-незнабожец Декиј и го испратил својот советник Валериј во Тиатир, за тој да ги обрати Папила и Карп во незнабоштво или да ги убие. Валериј ги повикал кај себе и отпрвин ги наговарал да се откажат од Бога, но светите го исповедале единиот Господ Исус Христос. Тогаш епископот Карп и ѓаконот Папила ги предале на мачење. Но прв пострадал нивниот слуга, блажениот Агатор. Тој бил совршен христијанин и не ги оставил своите господари, а громко ја исповедал светата вера. Тогаш го спружиле на земја, започнале да го тепаат со воловски жили и го истепале до смрт.

    А светите Карп и Папила ги врзале за коњи и ги натерале да трчаат по нив од Тиатир во Сардис, и понатаму, во Пергам. При тоа светите паѓале обессилени, и коњите ги влечеле по остри камења. Но ноќта во затворот им се јавил ангел Господов и ги исцелил од раните. При тоа нивните срца се исполниле со божествено веселие.

    Се разбира, Валериј, гледајќи ги Папила и Карп здрави, се разгневил и ги предал на уште поголеми мачења. Светите ги тепале со бодливи прачки, ги гореле со оган, раните им ги посипувале со сол, ги сечеле со ножеви и се обидувале на нив да ги подбуцнат мечката и лавот, но ѕверовите се умилкувале околу светите, а Господ ги исцелувал раните на мачениците, и безумниот Валериј не знаел веќе што да прави. Се го изобличувало. Папила, пред очите на народот, исцелил слеп човек, а лавот кој бил пуштен на светите одеднаш прозборел со човечки глас, прекорувајќи ги мачителите за жестокоста и неверието во Христа.

    Потоа ја распалиле печката и во неа ги фрлиле Карп и Папила. Неочекувано се појавила родената сестра на Папила, блажената Агатоника, и самата влегла во печката, сакајќи да пострада за Христа. Но по милоста Божја одеднаш почнал да паѓа силен дожд и го угасил огнот, и магновено ја оладил печката.

    На крај им ги отсекле главите. По патот до местото на извршување на казната Карп, Папила и Агатоника Му се молеле на Христа за себе и за своите мачители.

    Верните тајно ги зеле телата на страдалниците и со чест ги погребале, прославувајќи Го Отецот, и Синот, и Светиот Дух, Троица Единосушна и Неразделна. Амин.

    Rating: 0.0/0
    Views: 269 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024