ПРЕПОДОБНА ПАРАСКЕВА
Света Петка (позната и како Света Параскева) — светителка од градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ биле богати христијани, а освен Петка имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал угледен епископ Малитски.
По смртта на родителите девственичката Петка желна за подвижнички живот го напуштила родителскиот дом и отишла најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40-дневниот пост која што Исус го поминал во пустината.
На старост еднаш ѝ се јавил ангел и ѝ рекол: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послушала небесниот глас, ја оставила својата омилена пустина и се вратила во Епиват. Тука таа поживеала уште две години. Нејзиниот празник се слави на 14 октомври.
Нејзините чудотворни мошти низ вековите биле пренесувани: во Цариград, во Велико Трново (Бугариjа), па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белград постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што и притекнуваат со вера кон светителката.