СВЕТИ АВЕРКИЈ РАМНОАПОСТОЛЕН
Светиот рамноапостолен Аверкиј, епископ Ераполски, се прославил во II-от век во Фригија. Градот Ерапол, тоа време, главно, бил населен од незнабожци. Светителот се молел на Господа за спасение на нивните души и нивно обраќање кон Вистинската Светлина. Ангелот кој му се јавил на свети Аверкиј му заповедал да ги разбие идолите во незнабожечкиот храм. Тој со ревност ја исполнил светата Божја заповед. Откако слушнал дека идолопоклониците сакаат да го убијат, светителот дошол на плоштадот и отворено ги разобличил заблудите на незнабожците. Незнабожците се обиделе да го фатат светителот. Во тоа време во толпата почнале да викаат три бесни момчиња. Народот се збунил, светителот пак, со молитва ги изгонил бесовите од нив. Гледајќи ги момчињата здрави, ерополците го замолил светителот Аверкиј да ги поучи на христијанската вера, а потоа го примиле светото Крштевање. Подоцна светителот се упатил кон соседните градови и села, исцелувајќи ги болните и благовестувајќи за Царството Божјо. Со проповед тој ја обиколил Сирија, Киликија, Месопотамија, го посетил Рим и секаде обраќал многу луѓе кон Христа. Светителот Аверкиј за своите големи подвизи е наречен рамноапостолен. Многу години тој ја штител Црквата од еретиците, ги утврдувал христијаните во верата, ги поучувал заблудените на вистинскиот пат, ги исцелувал болните и ја распространувал славата Христова.