СВЕТИ АПОСТОЛ ЈАКОВ, БРАТ ГОСПОДОВ ВО ПЛОТ
Свети Јаков, син на праведниот Јосиф (од првата жена), кому му била дадена на чување Пречистата Дева, од своето раѓање бил назореј, то ест лице посветено на Бога. Чистотата на девството Јаков ја сочувал до крајот на животот. Бил причислен на бројот на седумдесете апостоли. На 34 години станал епископ и претстојател на Ерусалимската Црква. Прв го составил и напишал чинот на Божествената Литургија. Маченичкиот крај на апостол Јаков се случил околу 63 година по Раѓањето Христово