Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 2:16 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Православен Календар [365]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Православен Календар » Православен Календар

    25/7 ноември СВЕТИ МАЧЕНИЦИ МАРКИЈАН И МАРТИРИЈ

    СВЕТИ МАЧЕНИЦИ МАРКИЈАН И МАРТИРИЈ

    Церковь отмечает память святых мучеников Маркиана и Мартирия Православие и мир

    Светите маченици Маркијан и Мартириј служеле во Константинополската црква. Маркијан бил чтец, а Мартириј ипоѓакон; обајцата, исто така, имале послушание како писари, то ест секретари, на Патријархот Павле Исповедник (се слави на 6 ноември). Еретиците-аријанци ги прогониле и тајно го казниле Патријархот Павле, а неговата катедра му била предадена на еретикот Македониј. Еретиците се обидувале да ги привлечат светите Маркијан и Мартириј на своја страна ласкајќи им, им предлагале злато, им ветувале архиерејски катедри. Но сите напори на аријанците биле залудни.

    Тогаш нечестивите им се заканувале дека ќе ги наклеветат пред императорот, ги заплашувале со маки и со смрт. Но светите цврсто го исповедале Православието, заветено од отците на Црквата. Маркијан и Мартириј биле осудени на смрт. Пред смртта мачениците му вознеле на Господа пламена молитва: “Господи Боже, Кој невидливо си ги создал нашите срца, кои ги устројуваш сите дела наши, прими ги во мир душите на слугите Твои, зашто заради Тебе умираме, не сметаат како овци определени за клање (Пс. 32, 15; 43, 23). Ние се радуваме, што со таква смрт излегуваме од овој живот заради Твоето Име. Удостој не да бидеме причесници во вечниот живот со Тебе, Изворот на животот“. По молитвата мачениците со тивка радост ги преклониле главите под мечот на нечестивите (околу 355 година). Нивните свети тела благоговејно биле погребани од православните христијани. Подоцна, по укажувањето на светиот епископ Јован Златоуст, моштите на светите маченици биле принесени во специјално изградената црква. Од многу болести се исцелувале верните овде по молитвите на светите, во слава на Едината Живоначална Троица

     

    Rating: 0.0/0
    Views: 473 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024