ТАЈНИТЕ И ЗАВЕРИТЕ ЗА КОИ ТИЕ НЕ САКААТ ВИЕ
ДА ЗНАЕТЕ А ЈАВНО СЕ ОБЈАВУВААТ (2дел)
Како функционира светот на информацијата и
дезинформацијата и како се сокриваат тајните и заверите кои Тие ги пласираат
низ медиумите
Па сепак, мене и покрај се тоа, не ми е јасно
зошто се тоа. И дали е воопшто важно, за мене, обичниот човек.
Заклучува мојот познаник: "Тебе не ти е
важно, зашто ти како и останатите си во пониското рамниште на поимање на
стварноста и случувањата. Вам ви се сервира информација која го креира вашето
поимање на светот. На пример, вие верувате дека поради некои политички или
верски идеи се судирате меѓусебно или со соседите, бидејќи тој судир е така
креиран, зашто зад тоа стои регионална или глобална идеја за уредување на
светот и дефинирање на општествено прифатливите стилови на живот. Војната во
ова време не се случува случајно, за неа е потребна сериозна логистика и
финансирање. Обичниот човек нема перцепција, а ни желба да ја продлабочува
стварноста зад тоа, тој сака само обичен живот без проблеми и со добар
стандард. Од друга страна интелектуалната елита која се школува и моделира во
едно дејство и концепт на свест добива рецептори за примање на специфични
информации. Тоа моделирање на свеста е посебен дизајн, кој започнува од
стратешки идеи и замисли, па преку содржините на учебниците, па и животните
стилови, се имплементира во животот на единката. Види ја само разликата во мислењето,
заклучувањето и чувствувањето помеѓу некој селанец и професор од градот. Кога
ќе испратиш порака за легализација на истополните бракови и усвојувањето на
деца од страна на истополни родители, за селанецот тоа е неморал и соблазна,
тој тоа не го прифаќа и се гнаси од тоа, додека за професорот од градот кој има
усвоен либерален поглед на светот тоа е победа на разумот, човечките права и
слободи, и тој е восхитен. Професорот ја разбира таа порака како импулс кон
потенцирање на неговиот животен стил и вредностите кои тој ги цени, за кои de facto е
и платен од страна на иституциите на системот и за чие промовирање добива
награди и општествени почести, додека за селанецот тоа е деградација на моралот
и општеството. Но пораката е испратена на професорот, зашто тој е таа политичка
и општествена елита која е платена да пишува и донесува закони кои одат во тој
правец, а не селанецот кој го финансира постоењето на се тоа, да биде апсурдот
поголем".
Сега веќе подобро почнав да сфаќам за што
мојот познаник говореше во нашата кратка средба. Говореше за паралелни матрици
на вредносни судови и борбата за обликување на мислењето. За секого по нешто.
Применета психологија во пракса, она што некои го нарекуваат сублимирани
пораки. Трансфер на идеи. Кохеренција на системи на вредности. Па повторно,
нешто тука и понатаму не ми беше се јасно. Го замолив за уште неколку
објаснувања.
Продолжи: "Немој да се трудиш веднаш да
сфатиш, тоа е кибернетски модел. Понекогаш човек треба само да ги следи и
бележи настаните, а заклучокот сам доаѓа. Тие кои се обучени за аналитички
процеси полесно го разбираат јазикот на тајната, и како информациите се
пласираат, со која намера. Суштината е дека тајни нема. Тие кои управуваат со
светот не се кријат, слободно ги пласираат информациите и тајни нема. Тие нивни
пораки, некогаш повеќе, некогаш помалку, се видливи. Некогаш доаѓаат како
кратка вест, објавена на полноќ кога никој не ги следи медиумите, се
провлекуваат како мала забелешка, и така по ред. Но тие вести се патоказ за
следбениците кои ги следат тие идеи".
Сега веќе мислам дека приказната на мојот
познаник е уште една теорија на завера, како да постои некоја моќна
конспиративна група која е распространета по целиот свет, која ги шири своите
идеи на светот и со која се управува од еден центар на моќ.
Мојот соговорник се надоврзува: "Всушност, не
постои една група на следбеници, постојат повеќе, но еден центар е суштински
центар на моќта. Тоа е оној центар во кој се креира јавното мислење и каде се
клучевите на финансиите, а другиот центар е местото на воената моќ. Всушност,
има повеќе центри на моќ, но ги делат истите идеи и секој центар делува во
својот регион од светот над кој е надлежен. А информациите и идеите кои ги
пласираат се наменети за различни групи, но со иста цел. Во склоп на цела таа
стратегија секој добива поинаква информација. Ако сакаш да предизвикаш судир во
една земја, на спротиставените групи во таа земја ќе им испраќаш поинакви
информации за да ги потенцираш нивните несогласувања и да ги воведеш во судир.
Едни ќе ја подржуваат едната страна во судирот, а други другата страна, бидејќи
суштината е во судирот кој треба да го промени локалниот модел на живот и
релации. Идеи, стратегии и матрици има многу. А целта е една голема и многу
помали. На пример, со децении наназад е најавувана нафтена катастрофа, односно
исчезнување на резервите на нафта, па поради тоа е најавувано дека решението
лежи во биогоривото, па големи пари од страна на државите се вложени во
фабрики за биогориво и насади за биогориво, кои изедоа огромни површини на кои
можеа да се произведуваат култури за исхрана, за на крај да се дојде до тоа
дека вештачки е предизвикано зголемувањето на цената на храната, поради
биогоривото, а нафта и понатаму има доволно. Пред 20 години таа тајна игра веќе
беше очигледна во најавите, па од страна на водечките прехрамбени и финансиски
гиганти започна зголемување (корпорирање) на индустријата на храна и
преминување во рацете на неколку глобални играчи. Денес стварноста со
индустријата на храна е сосем поинаква отколку пред четири децении, храната и
водата се под контрола на гигантски концерни. Затоа, ако сакаш нешто да кажеш,
кажи го тоа дискретно и неугледно, оние кои тоа го следат, ќе знаат што треба
да прават".
Сфатив. Ќе го објавам овој текст доцна во
ноќта кога никој не не чита. Само тие кои разбираат, ќе сфатат што мојот
познаник сакаше да каже.
(Башта Балкана)
25 ноември 2013