Десет компании кои го вртат светот
Најпродаваните производи за широка потрошувачка на глобално ниво се производите од само десет индустриски светски корпорации. Компаниите Кока Кола, Нестле, Џенерал Милс, Џонсон и Џонсон, Келогс, Крафт, Март, Пепсико, Проктер и Гембл и Унилевер се во групата на производните гиганти, чии производи доминираат во потрошувачката кошничка на жителите на нашата планета
За појадок најмногу се јаде Корфлекс и Нескафе, најпродаван шампон е Хед енд Шолдерс, а од гелови за туширање најмногу се користи Дав. Најпродавана паста за заби е Орал Б, а од фармерките приматот го има марката Дизел.
Споменатите индустриски гиганти на директен и индиректен начин се сопственички поврзани со најпродаваните производи во светот, што ја наметнува дилемата дали навистина постои слободен пазар и слободен избор на производите за широка потрошувачка!
(Нова Македонија)
27 ноември 2013