Внимавајте, вашиот телевизор може ве снима!
Купивте нов телевизор и среќни сте што ќе имате подобра слика. Дали знаете дека повеќето модерни телевизори имаат можност да ве посматраат и да ги известуваат огласувачите кои се вашите омилени програми. Дури можат и да ве снимаат додека седите пред нив, при што не постои копче кое може да го исклучи снимањето!
Можеби звучи како заговор или како сценарио за футуристичи научно фантастичен филм, но новите телевизори навистина можат да ве шпиунираат.
Дејли меил пишува дека - додека вие во пижами грицкате нешто пред телевизорот, некој на другата страна на светот кој може да биде криминалец или претставник на голема корпорација, може да ве гелда, да слуша што зборувате и да следи што и кога гледате на ТВ. тајни и интима повеќе нема - се се знае! се разбира, во случај да имате нов „паметен" телевизор со рамен екран.
Минатата недела во Британија, IT експертот Џејсон Хантли утврди и докажа дека неговиот LG телевизор ја загрозува приватноста на неговото семејство.
Овој смарт телевизор поврзан на интернет му испраќал на произведувачот во Јужна Кореја податоци - што се гледа на телевизорот и за што се тој се користи. Му ги испратил и приватните видео материјали од семејни прослави кои Хантли ги гледал на телевизорот.
Откако хандли го напиша она што го открил на својот блог - компанијата LG најави истрага. Приватноста на клиентите е наш врвен приоритет - рекоа оттаму. Но Хантли предупредува: Којзнае што друго може да направат модерните ТВ апарати, а за што не сме ни свесни.
Смарт телевизорите поврзани на интернет всушност функционираат како компјутери - не се само приемници туку остваруваат двосмерна комуникација. За разлика од компјутерите немаат заштитни програми ниту можност за вградување на такви програми,ниту копче за исклучување на таква активност.
(Канал 5 телевизија)
27 ноември 2013