Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 11:49 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    Судир на цивилизациите - Конфучијанско-исламска врска

    Конфучијанско-исламска врска

       Препреките на не-западните земји во придружувањето на Западот значајно се разликуваат. Тие се најмали за латиноамерикански и источноевропските земји. Тие се поголеми за православните земји на бившиот Советски Сојуз. Тие се уште поголеми за муслиманските, конфучијанските, хиндуистичките и будистичките општества. Јапонија за себе воспостави единствена положба на придружен член на Западот: според некои гледиште е на Запад, но очигледно не е во значајни размери од Западот. Тие земји, кои од причина на културата и моќта не сакаат да се придружат на Западот, се натпреваруваат со Западот развивајќи сопствена економска, воена и политичка моќ. Тие ова го прават унапредувајќи го својот внатрешен развој и соработувајќи со другите не-западни земји. Најистакнат облик на ваква соработка е конфучијанско-исламската врска, која се појавила поради спротиставување на интересите, вредностите и моќите на Западот.
      Речиси без исклучок, земјите на Западот ја намалуваат својата воена моќ; под водството на Јелцин исто е и во Русија. Меѓутоа, Кина, Северна Кореја и неколку земји од Средниот Исток значајно ги прошируваат своите воени способности. Тие тоа го прават преку увоз на оружје од западни и не-западни извори, како и со развивање на сопствени воени индустрии. Една последица од тоа е појавата на она што Чарлс Краутхамер го нарекувал "Држави на оружја", а Државите на оружја не се држави на Западот. Втората последица е промената на дефиницијата на контролата на вооружувањето, а таа контрола е концепт и цел на Западот. За време на Ладната војна главна цел на контролата на вооружувањето била да се воспостави стабилна воена рамнотежа помеѓу Соединетите Држави и нивните сојузници и Советскиот Сојуз и неговите сојузници. Во светот по-ладната војна главна цел на контролата на вооружување е спречувањето на не-западните општества во развојот на воените способности кои би можеле да им се заканат на интересите на Западот. Западот ова се обидува да го постигне преку меѓународни договори, економски притисок и контрола на преносот на вооружување и технологијата на оружјето.
       Судирот помеѓу Западот и конфучијанско-исламските држави, главно, иако не и единствено, се задржува на нуклеарните, хемиските и биолошките оружја, балистичките ракети и други софистицирани средства за испорака на тие оружја, како и системи за наведување, известување и други електронски средства за постигнување на таа цел. Западот ја унапредува непролиферацијата како сеопфатно правило на тие непролиферациски договори и инспекции како средства за остварување на тоа правило. Исто така, се заканува и со разновидни санкции против оние кои го унапредуваат ширењето на напредни оружја, па нуди некои погодности за оние кои тоа не го прават. Вниманието на Западот се концентрира, што е сфатливо, на оние народи кои навистина или потенцијално на Запад му се непријателски. 
       Од друга страна, не-западните народи ги истакнуваат своите права на набавка и развој на какво било оружје кое го наоѓаат за потребно за својата безбедност. Тие, исто така, до крај, ја усвоиле вистинитоста на говорот на индискиот министер за одбрана на прашањето за најважната лекција од војната во Заливот: "Не борете се со Соединетите Држави освен ако немате нуклеарно оружје". На нуклеарното оружје, хемиските оружја и проектили, се гледа веројатно погрешно како на потенцијални средства за изедначување со надмоќната конвенционална моќ на Западот. Кина, секако, веќе има нуклеарно оружје; Пакистан и Индија имаат способност да го развијат. Изгледа дека Северна Кореја, Иран, Ирак, Либија и Алжир се обидуваат да го набават. Висок ирански претставник изјави дека сите муслимански држави треба да набават нуклеарно вооружување, а претседателот на Иран во 1988 година божем издал налог за развој на "напаѓачки и одбрамбени хемиски, биолошки и радиолошки оружја".
       Од централна важност за развој на противзападните воени способности е постојаното зголемување на воената моќ на Кина, како и средствата за создавање на воена моќ. Потпомогната од спектакуларниот економски развој, Кина брзо ги зголемува своите воени трошоци и енергично напредува во модернизирањето на своите воени сили. Таа набавува оружје од бившите држави на Советскиот Сојуз; таа развива далекусежни ракети; во 1992 тестираше едно-мегатонска нуклеарна бомба. Таа ја развива способноста за проекција на моќта, добавувајќи технологија за надополнување со гориво во воздух и обидувајќи се да набави носач на авиони. Нејзиниото воено зајакнување и наметнување на суверенитет над Јужнокинеското море предизвикува повеќестрана воена трка во Источна Азија. Кина, исто така, е голем извозник на вооружување и технологија на оружје. Таа во Либија и Ирак извезла материјали кои би можеле да бидат искористени за производство на нуклеарно оружје и нервни гасови. На Алжир и помогна да изгради реактор погоден за истражување и производство на нуклеарни оружја. Кина на Иран му ја продаде нуклеарната технологија, за која американската администрација верува дека може да биде искористена исклучително за создавање на оружје, па изгледа на Пакистан му испорача делови за ракети со досег од 300 милји. Северна Кореја веќе некое време има програма за нуклеарно вооружување, а на Сирија и на Иран и продаде напредни ракети и ракетна технологија. Правецот на текот на оружјето и технологиите за производство на оружје воопшто доаѓа од источна Азија на Средниот Исток. Меѓутоа, нешто од текот постои и во спротивен правец; Кина ракетите Стингер ги доби од Пакистан.
       Така заживеа конфучијанско-исламската врска и воена поврзаност, осмислена меѓу своите членови да го унапредува набавувањето на оружјето и технологијата на оружјето потребни за спротиставување на воената моќ на Западот. Можеби ќе потрае, а можеби и нема. Меѓутоа, како што рече Дејв МекКарди, моментално тоа е "бунтовнички договор, воден од пролифераторите и нивните спонзори". Така се појавува нов облик на трка во вооружувањето, помеѓу конфучијанско-исламските земји и Запад. Во старомодната трка во вооружувањето секоја страна развиваше сопствени оружја, за да постигне рамнотежа или надмоќ над другата страна. Во овој нов облик на натпревар во вооружување едната страна ги развива своите оружја, а другата страна не се обидува да постигне рамнотежа, туку да го ограничи и спречи тој развој на оружје, истовремено намалувајќи ги сопствените воени способности.

       (Башта Балкана)
        29 ноември 2013 
    Rating: 0.0/0
    Views: 321 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024