Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-12, 0:26 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    Путин: Забрана за абортусот, црквата ќе биде нашиот морален водич (1 дел)

    Путин: Забрана за абортусот, црквата ќе биде нашиот морален водич


    Претседателот на Русија, Владимир Путин, во понеделникот потпиша закон со кој се забранува рекламирањето на абортусите и на услугите на исцелителите.

    Тој како приоритет одреди да го сопре падот на популацијата во постсоветскиот период, истакнувајќи го во прв план, она што се нарекува традиционална вредност, како и улогата на Руската православна црква како морален водич, пренесе „Ројтерс".

    Владата на Русија на тој начин ги финансира рекламните кампањи во корист за раѓање повеќе деца, давајќи им истовремено финансиска помош на двојките кои на тоа ќе се одлучат.

    РТ Новости известува дека забраната на реклами за абортус е дел од промените на рускиот федерален Закон за реклами, кои вклучуваат забрана за рекламни кампањи кои нудат бесплатни примероци на лекови, ако овие примероци содржат наркотични или психотропни супстанции, и ограничувања на рекламирање на традиционалната "народна медицина”.

    Државната Дума разгледува голем број на други предлози кои би ја запреле Руската демографска спирала на смртта, и стапката на абортусот на 1,022 на 1,000 раѓања, според некои статистики. Обединетите Нации проценуваат дека населението на Русија, кое во 2008 година било 143 милиони, ќе се намали на 116 милиони до 2050 година.

    За борба против епидемијата на абортусот, предложен е закон со кој ќе се забранат бесплатни абортуси на државните клиники, ќе се бараат рецепти за "ден потоа” пилулите; ќе се бара родителска согласност за тинејџери и согласност од сопругот за мажените жени; и задолжителен период на чекање од една недела пред да се изврши абортусот. Другите предлози вклучуваат зголемување на владините субвенции за бремените жени на 2000 рубљи (70 $) месечно.

      


    Rating: 0.0/0
    Views: 256 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024