7. Русите со насмевка искажуваат навистина добро расположение или искрени симпатии кон соговорникот. Руската насмевка е израз на искреност. Во комуникативната свест на Русите важи правилото: насмевката мора да биде искрен израз на добро расположение и на пријателски односи. Само тогаш насмевката е оправдана.
8. Русите сметаат дека човек треба да се насмевнува само тогаш кога за тоа постои добра причина која е очигледна и за неговата околина. Затоа секогаш се обидуваат да дознаат што се крие зад навидум беспричинските насмевки на нивните соговорници.
9. Насмевката мора да биде умесна од гледна точка на околината и да соодветствува на ситуацијата. Не е пристојно да се насмевнувате во напнати ситуации или во присуство на лица за кои знаете дека се потиштени поради болест, поради лични и семејни проблеми и слично.
10. Русите во практика насмевката речиси секогаш ја поистоветуваат со смеењето. Затоа во Русија на луѓето што се насмевнуваат често им велат: „Не сфаќам што има тука смешно!".
Главните одлики на руската комуникативна култура се искреноста и отвореноста, додека чувството на колективност кај Русите раѓа сфаќање дека луѓето треба едни за други да знаат сè, дека не треба ништо да кријат од окружувањето. Затоа се навикнати да ги кријат своите чувства и своето расположение, но и да ја чуваат насмевката за специјални пригоди.
(Руска реч на македонски)
9 декември 2013