Болести кои го придружуваат Chemtrails
Најчестите симптоми пријавени од страна на сведоците на Chemtrails се постојана кашлица, проблеми на горните респираторни и дигестивни нарушувања, пневмонија, екстремен замор, летаргија, вртоглавица, дезориентација, тешка главоболка, болки во зглобовите и мускулите, вкочанет врат, крварење од носот, депресија, анксиозност, губење на контрола на мочниот меур и нервозни тикови. Симптомите прво влијаат на старите и ослабени лица и деца.
Д-р Мајкл Пеца, лекар од Аризона, го вознемири брзото зголемување на бројот на пациенти со опишаните пореметувања кои настанале кога над неговиот крај почнале да се појавуваат Chemtrails . "Забележав дека лабораториската анализа на примероците од коса, кои ги направив на некои од моите пациенти, секогаш покажуваа високо ниво на бариум. Анализата на мојата коса покажа високо ниво на бариум. Јас сум прилично добро запознаен со начинот на исхрана, и искрено, не можам да се сетам на ниеден вид храна која содржи значително количество на бариум … Сепак, се чини дека имаме високо ниво на бариум во косата, што значи дека бариумот, или го внесуваме преку храна или нашата коса ја загадува некој надворешен извор”.
Алергиските реакции на овие честички се една од причините на симптомите, но тие не можат целосно да го објаснат целиот синдром што го придружува Chemtrails. Падот на температуратурата на крвта придружен со "грип” без треска, е знак на хронична габична инфекција. Габите своето присуство го најавуваат со разни автоимуни заболувања, од хроничен замор и фибромијалгијата до тешките болки во зглобовите, вртоглавица, ментална конфузија и краткорочно губење на меморијата.
Некои Chemtrails го поврзуваат со епидемија на особено бизарна и контроверзна болест "Morgellons”, која се шири последните години по југот на САД.
Кога истражувачката на здравствени прашања Erminia Cassani донела парчиња од желатин кој го собрала од една целосно попрскана куќа, биологот во лабораторијата, со лиценца од Агенцијата за заштита на животната средина, со неверување ја праша каде го нашла овој "биолошки опасен материјал”.
Иако на бактериите во садот обично им треба 3-4 дена да нараснат, овој примерок нараснал за помалку од 48 часа откако беше ставен на хранлива подлога. Велејќи дека овие работи биле "низ целиот сад”, лабораторискиот биолог утврдил дека никогаш не видел нешто што расте со таква брзина. Помалку од два месеци подоцна, сопственичката на испрсканата куќа доживеала срцев удар предизвикан од бактериите кои ги изеле ѕидовите на нејзиното срце.
Постојат мислења дека пронајдените микроорганизми всушност не потекнуваат од смесата која ја распрснуваат авионите. Можно е дека паѓачката завеса од лепливите хемикалии и микровлакна повлекуваат на земјата колонии на бактерии, вируси и габи кои живеат во горните делови од атмосферата, каде што мутираат под влијание на силно ултравиолетовото зрачење.