Хемискиот состав на Chemtrails
Одамна една поголема група на луѓе ги следи овие небесни активности, зема примероци од овие траги и според наодите од некои приватни лаборатории, во нив се наоѓаат различни биолошки и патогени агенси, од микроорганизми па сѐ до одредени метали како што се соли на бариум и алуминиумските честички со микронски димензии.
Досега во овие хемиски траги се пронајдени следниве агенси:
1. Pseudomonas Aeruginosa – бактерија која го напаѓа главно респираторниот систем на човекот
2. Pseudomonas fluorescens – предизвикува инфекции на крвта и респираторниот систем
3. Serratia marcescens – пневмонија, воспаление на мозокот, воспаление на срцевиот мускул
4. Mycoplasma fermentes incognitus – видови патогени микроорганизми за кои се претпоставува дека се био – инженерирани во американските воени лаборатории, и која беше пронајдена кај 45% од американските војници кои страдаат од т.н. голфски синдром.
5. Streptomyces и други видови на габички
6. Некои видови на квасец
7. Одредени бактерии, кои содржат специфични ензими кои се способни да го менуваат човечкиот ген
8. Соли на бариум
9. Алуминиум – честички со микронска големина (интересно е дека луѓето кои страдаат од Alchajmerovа болест имаат поголема количина на алуминиум во мозокот)
10. Етилен дибромид (дибромоетан) C2H4Br2 – канцероген додаток за гориво и инсектицид, мириса на хлороформ; причинител на депресија на ЦНС, белодробен едем и ја надразнува слузницата на респираторниот тракт – се чини дека тој е причина на карактеристичната кашлица ("kemtrejl кашлица”) која се јавува кај луѓето по прскање на одредени области
11. Дехидрирани човечки црвени и бели крвни клетки (еритроцити и леукоцити)
12. Фиброзни филаменти (задача им е да на одредените микроорганизми кои се наоѓаат во оваа хемиска смеса им обезбедат живи да стигнат до земјата, бидејќи нормалните атмосферски услови би ги уништиле. Така што на подрачјата на запрашување можат да се најдат фиброзни конци слични на пајажината, кои се многу токсични).
13. Вирусите и прионите не се официјално потврдени, за нивното присуство може само да се шпекулира.
Како и да е, кратко време по прскањето многу луѓе во погодените области се разболувале, за време на истражувањето, од различни респираторни заболувања и болести слични на грипот. Сето ова е придружено со зголемена смртност кај постарите лица и децата. Исто така кај населението се јавува и една општа летаргија и други симптоми на болести на нервниот систем.
Беше забележано дека областите кои редовно се прскаат стануваат сушни и тоа ги наведе многумина да заклучат дека тука се работи за модификација на климата. Но, сепак се чини дека предизвикувањето суша е само еден од несаканите ефекти на хемиските траги.