Ѕидот на молкот
Иако оваа, за многумина контроверзна тема, заврши во Хрватскиот парламент, до овој ден не успеавме да добиеме конкретен одговор од ниту еден државен оддел или надлежна институција. Слична ситуација е и во другите земји од Европа и светот, каде што политичкото и военото раководство едноставно одбива да коментира за овој феномен.
Дека ова ја надмина обичната "теорија на заговор” сведочат извештаите од медиумите кои минатата година ја објавија веста дека Белата куќа, поточно Џон П Holdren – раководител за наука во администрацијата на Обама, призна дека има тајна програма на "третирање на атмосферата” со тешки метали за да се "неутрализираат негативните ефекти на Сонцето”.
Еден од медиумите, кој многу лошо ја покри оваа вест во Хрватска е РТЛ телевизијата која меѓу другото, во написот објавен на веб страната на RTL.hr од 15.11.2011 г. напиша:
"Научниците од Белата куќа признаа дека атмосферата се "третира” со солите на бариум , алуминиум диоксид и со други токсични соединенија. Она што тие не го признаваат е фактот дека овие соединенија се опасни за здравјето на луѓето”.
Сепак, и покрај оваа кратка објава на медиумите, на интернет е можно да се најде огромен број на докази кои ги собираат активисти од целиот свет. Еден таков пример е веб-сајтот Light Watcher кој составил листа на патенти пријавени од Канцеларијата за патенти на САД, а во врска со geoengineering. Исто така, тука мора да се спомене и одлична веб-сајт страница која се занимава со Chemtrails-ите – Air Crap на која можете да најдете голем број на информации и новости поврзани со Chemtrails.
Важно е да се напомене дека властите во текот на историјата, како што е владата на САД и Велика Британија, спроведуваа тајни експерименти врз цивилното население, што признаа многу години подоцна, така што самото тврдење дека феноменот наречен "Chemtrails” е невозможен, излегува дека малку е наивно кога ќе се соберат сите информации.
Значи, тука не се работи за "теорија на заговор”, туку за една програма која се спроведува систематски над нашите глави и тој спорен производ на ова т.н. "лекување на атмосферата”, е многу штетно по здравјето на луѓето!