Што претставува темјанот ?
Темјановото дрво или Босвелија се имиња на едно и исто лековито растение , кое што се среќава во Источна Африка , Арапскиот Полуостров , Индија . Тоа се користи во парфимеријата заради мирисот , а смолата која се добива од него се користи во медицината и е позната под името темјан .
Што се лекува со темјан ?
Темјанот има силно антиинфламаторно и аналгетско дејство, ја подобрува циркулацијата, го зајакнува имунолошкиот систем , се проценува дури дека може успешно да се бори со некои канцерогени клетки.
Темјанот е докажан ефикасен лек кај артритис и голем број на болести на локомоторниот апарат . Помага при отоци и грчеви во мускулите , го намалува бројот на напади на астма , лекува воспалителни болести на цревата како гастричен колитис , и помага при камења во бубрезите .
Бидејќи темјанот има опојно дејство , се смета дека е добар антидепресант , помага при стрес и страв. Се користи како метод за лекување не само во психотерапијата , но и во ароматерапијата . Има смирувачки ефект , помага при несоница.
Третман со темјан
Има два вида – надворешно ( преку вдишувањето на чадот или преку компреси со темјан ) и внатрешен прием , при што треба темјанот да се голта , без да се допира до забите , бидејќи води до поцрнување.
При астматичен бронхитис – се вади срцевината на 3 јаболки , во кои се става темјан , по што се покрива со капаче од јаболкото и се пече во рерна . Секој ден во текот на 5 дена се јадат по 3 јаболка на ден пред јадење.
Настинка и отежнато дишење – волнено парче ткаенина се посипува со оцет , темјан и црн пипер и се става на градите .
Шипови – варен грав и мед се мешаат со темјан и се компресира од смесата врз болните места. Се повива со крпа и се спие со компресата .
Камења во бубрезите – по едно парче темјан се пие секое утро на гладно или се голта , на тој начин што се увива во леб и мед.
Интересно за темјанот
Египќаните подготвувале маски за подмладување на лице од темјан. Го користеле и за балсамирање, помешан со смола од кедрово дрво и мускатово масло.
Древните Кинези верувале дека инхалации со чад од темјан го прочистува умот и душата.
Во муслиманскиот свет се бркат злите духови со темјан.
(bidisvoj.mk, Денешен Весник)
22 декември 2013