Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-12, 2:35 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    Христо Петрески - Кич и маргиналци (1дел)

    Христо Петрески

    Кич и маргиналци
     
    MorelDigitalIllustration3

    1. Кич

    Еден новокомпониран македонски пејач, давајќи изјава за еден наш телевизиски медиум, меѓу другото, со право, рече: „Ако сакате да продадете нешто – тоа мора барем малку да содржи кич". Тоа, очигледно, значи дека произведувачите и продавачите на кичот веќе располагаат со повисоката свест дека кичот е неминовен, дека е тој бизнис и дека може од него да се заработи.

    Значи, ако нема кич – тој треба да се измисли, да се практикува и да се дистрибуира. На човечкиот род и пород секојдневно им недостасува кичот, како леб и сол, па во низата од леб и игри – две од неодминливите и доминантни алки се токму кичот и шундот.

    Денес, кичот е насекаде околу нас, сеедно дали како мит (не случајно еден колега напиша цел серијал од кичмитологии) или, пак, како практика во едно грдо и грубо време. Кичот е како плевел, таму каде што вирее тој – тешко се создава друг плод.

    Па, попусти се трудот и ангажманот да создадете ремек-дело, кога за него нема соодветна заинтересираност и вистински консументи, т.е. не можете да го продадете, како што, со право, изјави пејачот на новокомпонирани фолк-ноти.

    Спасот е во кичот, тој мора да се додаде како спасоносен лек, како зачин, и кичестиот производ сигурно ќе биде продаден! Затоа што има претходна подготовка, погодна почва, остварена едукација, поточно – отворени очи, уши и усти, кои одвај чекаат вкусен залак, препознатлива наслада и привлечна глетка.

    На душата и на срцето, колку и да звучи излитено и ветво оваа фраза, постојано им недостасува кичот, барем малку како декор или како гарнир[/pullquote] На душата и на срцето, колку и да звучи излитено и ветво оваа фраза, постојано им недостасува кичот, барем малку како декор или како гарнир, но во секој случај – кичот и во дваесет и првиот век е нешто без што не се може.

    Во спротивно, зарем би имале огромни улици со пластични производи, кичести тезгиња со уште покичести дребулии, свадби со балони, со блицеви и со огномети, реклами што сте ги запаметиле само затоа што се вулгарни, невкусни и навредливи…?

    Убавината веќе не се граничи со грдото, туку убавото сега може единствено да произлезе од грдото, да постои и да егзистира како негова противтежа, па и да опстојува (како зелената имела на исушеното стебло) само заедно со кичот.

    Кичот е планетарен магнет, елементарна непогода и сила појака и од Земјината тежа, па непотребно ќе се обидувате да се воздигнете и да се возвишите, кога секогаш повторно кичот ќе ве врати назад, на самиот почеток, до дното. Се обидете ли да се спротивставите – вие не само што сте неразбрани и несфатени туку станувате и отфрлени и неприфатени.

    Протагонистите на кичот постојано се најбројни, па не само што ќе го уценат и ќе го изнудат вашето присуство во своето огромно и, на прв поглед, несогледливо семејство туку и, за да станете дел од нивното стадо и од нивната непростлива империја, која царува и владее низ светот, (ќе) морате да бидете трајно определени за кичот и покичести дури и од самите нив!

    Затоа, станете церемонијален мајстор на кичот, без никакво одложување, сега и овде, тука и веднаш, а сè друго (ќе) се случува само по себе, како река-понорница што бргу и лесно си го пронаоѓа новиот пат, заборавајќи го и сопственото корито, носејќи сè пред себе, правејќи пустош и оставајќи само кал и отпад…

     

     

     

    Rating: 0.0/0
    Views: 216 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024