Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-12, 2:27 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    Христо Петрески - Кич и маргиналци (2дел)

    Христо Петрески
    Кич и маргиналци

    MorelDigitalIllustration12

    2. Маргиналци

    Дека маргиналците избираат маргиналци, тоа е ноторен факт и практика што се случува и што се повторува речиси во сите сфери. Секако, имуни не се ни културно-уметничките маргиналци, кои ги репродуцираат (просто ги „штанцуваат") новите и многу побројни маргиналци.

    Ако е точен заклучокот дека со кого си – таков си, тогаш маргинално станува и целото географско и популистичко опкружување. Просто, едните се избираат од и со другите, се лепат како фластер на рана, па има толку многу маргиналци на сите страни – колку што има и конкурси, награди и признанија…

    И, замислете, кога еднаш маргиналците ќе изберат маргиналец за славодобитник, тој веднаш потоа автоматски станува моќник и арбитер, кој регрутира нови идолопоклоници и ништо друго освен маргиналци. Така, според правилата на аритметичката или (уште полошо) на геометриската пропорција – се мултиплицираат маргиналците од секаков сој, премачкани со секакви бои и со најразлична, но маргинална носивост и габарит.

    [pullquote align="right"]Еднаш маргиналец – секогаш маргиналец[/pullquote] Еднаш маргиналец – секогаш маргиналец, како да гласи флоскулата во која тие се пронаоѓаат и се идентификуваат, па фанатички се обидуваат да си го продолжат родот и видот и одлучно да застанат на барикадите од другата страна против немаргиналците. Тие се со свои, дури и надворешни белези на припадност, ги мразат и им се спротивставуваат на сите што не се како нив, па единствениот и најголем успех го гледаат токму во можноста да изберат и да се определат за уште еден нов маргиналец, при што ќе елиминираат најмалкуеден вистински автор-капиталец.

    Затоа, што поскоро треба да се прекине верижното правило: годинашниот маргинален добитник на наградата – веќе следната година да одлучува и да инаугурира исто така нов, можеби уште помаргинален автор. И така во недоглед и до бескрај – маргиналците ќе „лиферуваат" маргиналци, а сите други ќе се чудат што ги снашло и како да го прекинат непрегледното поврзано коло.

    Ќе се покаат дури и оние што маргиналците ги довеле на сцената исклучиво поради одмазда или во својата полза, зашто тие бргу ќе се свртат и против нив, заборавајќи на својот претходен идентитет, поради статусот стекнат со метеорска брзина. Тогаш маргиналците, лажно преоблечени во рувото на квазиинтелектуалци, за миг се обидуваат да го срушат, да го изместат и да го променат постоечкиот систем на вредности, веќе воспоставениот несовршен ред и да воспостават нови (читајте: свои) правила на однесување и анонимно-маргинален систем на вредности.

    Од позицијата на човек што клечи, се разбира дека изостануваат сите други, па и глобални и птичји перспективи, а крајниот резултат е неоснован реванш, волча одмаздољубивост и деспотска неприкосновеност. Затоа, чувајте се од маргиналците, кои како комарци летаат и касаат од сите страни, се појавуваат и се присутни на речиси сите медиуми, обединети се и активни во најразноразни комисии, одбори и форуми, а сè со една цел: да се разгради и да се уништи сето она што е создавано со векови и со генерации, не почитувајќи и не признавајќи никакви свои претходници и современици, зашто ништо не е според нивниот новокомпониран квазивкус и според субверзивно-маргиналната мера…

    Илустрации: Емил Морел

       (Репер)
        27 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 208 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024