Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-12, 2:37 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Се што сте сакале да знаете за ЕУ, а медиумите не смееат да го спомнуваат и објавуваат (1дел)

    ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Се што сте сакале да знаете за ЕУ, а медиумите не смеат да го спомнуваат и објавуваат

    Пишува: Ратко Маринковиќ

    euro-collapse-top

       Дали сте знаеле дек Европската унија не е парламентарна демократија?
       Европската комисија, извршниот орган на Унијата, има потполна власт над законодавниот процес... и никој практично не ја контролира. Енормните овластувања и безграничната власт на Комисјата понекогаш се обидува да се оправда со констатацијата дека состојбата е слична кога е во прашање било која современа влада. Но дали е баш така?
       Не заборавајте: секогаш кога извршната власт престанува да ја контролира волјата на народот - демократијата се претвора во диктатура!
       Запознајте го вистинското лице на Европската унија. Европската унија не е пратеничка (парламентарна) демократија, туку неолиберална федерална диктатура на корпоративни интереси. Зошто таа, без никаков сомнеж, е токму таква политичка конструкција ќе објасниме во понатамошниот текст, но за да можеме се тоа да го разбереме најпрво мора да се запознаеме со некои основни поими и институции на Унијата.
       Со Парискиот договор од 1951 формирана е Европската заедница за јаглен и челик која се состоела од Франција, Германија, Италија и земјите на Бенелукс, со Римскиот договор во 1957 формирана е Европската економска заедница и Евроатом, а потоа, прикривајќи ја својата темелна цел, оправдувајќи се со економското обединување, слободниот пазар и слични флоскули, Европската заедница (подоцна: Унија) чекор по чекор го спроведе политичкото обединување, привлекувајќи ги во својот скут европските држави во тн. петорка бранови на проширување:
       Првиот бран во 1973 - Пристапуваат Данска, Ирска, Велика Британија: 
       Вториот бран во 1981 - Во ЕУ влегува Грција; 
     Третиот бран во 1986 - Доаѓаат Шпанија и Португалија, по што следуваат Маастицхтксиот договор во 1992 со кој се создава големата федерална конструкција наречена Европска унија - економска и монетарна унија, единствена валута, заедничка одбрамбена политика и се воведува граѓанство на Унијата; 
       Четвртиот бран во 1995 - Влегувањето на Австрија, Финска и Шведска, по чие влегување Унијата организира потпишување на уште два договори - оној во Амстердам во 1997 со кој божем јакне улогата на Европските парламент (но не претерано, и никако до степен за да можеме за ЕУ да говориме како за парламентарна демократија, што ќе видиме подоцна), па договорот од Ница во 2001 во кој поради приемот на нови членки се менува составот и начинот на работа на институциите на Унијата (на пр. Советот на ЕУ не мора повеќе да носи решенија едногласно, од Ница е доволно мнозинството);
       Петиот бран, кој понатаму се дели на два дела - првиот дел во 2004 кога под власт на Унијата потпаднаа Чешка, Унгарија, Полска, Словачка, Словенија, Литванија, Летонија, Естонија, Кипар (само грчкиот дел) и Малта, па вториот дел во 2007 кога во ЕУ се бутнати и Романија и Бугарија. Главниот критериум за пристапување на оваа недемократска супердржава се копенхашките критериуми од 1993 според кои државите кандидатки мора за членство да ги исполнат овие услови:
       1. политички - стабилни институции кои "гарантираат демократија и човечки права"
       2. економски - силна "пазарна економија"
      3. правни - кандидатките мораат да бидат способни да ги преземат обврските за членство. Со овие критериуми обично се додаваат и тн. мадридски критериуми од 1995 кога е заклучено дека спроведувањето на сите горни реформи (политички, економски и правни) неопходно мора да го следи соодветно административно устројство (т.е. ефикасна државна управа) за државата кандидатка полесно да ги усвои и спроведе огромната ацкуи на ЕУ, за која подоцна повеќе ќе стане збор.
       Кога се знае за наведените критериуми на Унијата на што се придодаваат уште и додатни критериуми, како на пример, потполна соработка со Хашкиот суд, тогаш се гледа дека темелните критериуми се само политичка демагогија. Има ли подобар доказ за тоа од Романија и Бугарија? Дали Романија е земја со стабилни институции? Може ли бугарската економија да се оцени како "силна пазарна економија"? Какви бесмислици.
       За да стане членка на Унијата, земјата кандидатка поминува процес на преговори во кои Унијата тренира строгост во постапката на тн. скрининг, т.е. длабинска анализа на усогласеност на законодавството на поединечната земја кандидатка со правните текови на европските заедници, а кои ги делиме на:
       1. експланаторен скрининг - во кој Европската комисија ги претставуваа тие правна стекнувања и ја информира земјата кандидатка што се мора да постигне за да ја задоволи, 
       2. билатерален скрининг - во кој земјата кандидатка покорно му го претставува на велеважната Комисија моменталниот статус на своето законодавство (и ветува дека со секој ден во секој поглед се повеќе ќе напредува)
        Унијата тоа не сака да го признае, но волјата на народот на земјите членки нема никаква шанса да биде преточена во европската норма и пракса. Во продолжение ќе видиме зошто е тоа така. Покрај тоа, како и секоја голема федерација, ЕУ има многу сложен систем на управување. Патем, има и монструозна архитектура - видете ја само таа грда зграда на Европската комисија на горната слика.
       ЕУ има 23 службени јазици, а заради едноставност во комуникацијата три се работни јазици на Европската комисија - англиски, француски и германски. Европското знаме е сино со 12 ѕвезди, но тоа всушност, воопшто не е службеното знаме на Унијата. ЕУ има и химна - Одата на радоста на Бетовен, а тн. Ден на Европа е 9 мај, кој во Унијата го слават затоа што од тој ден во 1950 нацистичкиот колаборационист Роберт Шуман одржал гласен говор во кој ги изнел своите идеи за евроединството предлагајќи основање на Европска заедница за јаглен и челик.
        
       12 јануари 2014
         
    Rating: 0.0/0
    Views: 242 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024