Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-12, 2:46 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Се што сакате да знаете за ЕУ, а медиумите не смеат да го спомнуваат и објавуваат (2дел)

    ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Се што сакате да знаете за ЕУ, а медиумите не смеат да го спомнуваат и објавуваат

    Пишува: Ратко Мартиновиќ

    Цврста бирократска кула
    eurobail1

       Институциите на ЕУ се: Европскиот парламент, Европскиот совет, Советот (Собранието на ЕУ или Советот на министри), Европската комисија, Европскиот суд, Европската централна банка и Ревизорскиот суд.
        Правниот поредок на ЕУ е автономен и се разликува и од поредоците на земјите членки и од меѓународното право. Неговото главно својство е да делува ограничувачки на правните поредоци на земјите членки: ја ограничува регулаторната автономија на земјите членки во подрачјето на граѓанското, кривичното, работното, па дури и уставното право, па создава обврски за земјите членки и тоа за нивните институции за законодавна, извршна и судска власт. Овластувањата на ЕУ (од кои се гледа дека Унијата управува со животот на населението на земјите членки од почеток до крај) се делат на исклучителни, поделени и комплементарни:
    А. Исклучителните овластувањата ги опфаќаат:
    1. царинската унија;
    2. воспоставување на правила за пазарниот натпревар и заради функционирање на внатрешниот пазар; 
    3. монетарната политика за земјите членки е валутата Евро;
    4. зачувување на морските биолошки ресурси во рамките на заедничката политика на рибарството;
    5. заклучување на меѓународни договори.
    Б. Поделените овластувања (тоа се оние кои ЕУ и земјите членки ги делат, но сепак ЕУ може да ги заземе некои од тие подрачја на регулација во кој случај членките го губат правото сами да ги регулираат тие области) се:
    1. внатрешниот пазар;
    2. социјалната политика;
    3. економската, социјалната и територијалната кохезија;
    4. земјоделството и рибарството;
    5. животната средина; 
    6. заштита на потрошувачите;
    7. транспортот;
    8. трансевропските мрежи;
    9. енергијата;
    10. слободата, безбедноста и правдата;
    11. заедничките безбедносни прашања во работите на јавното здравје.
    В. Комплементарните овластувања (во кои Унијата има овластување да ги подржува, координира и дополнува активностите на земјите членки) се:
    1. заштитата и подобрувањето на човечкото здравје;
    2. индустријата;
    3. културата;
    4. туризмот;
    5. образованието, професионалното усовршување, младината и спортот; 
    6. граѓанската заштита;
    7. управната заштита.

    Бројните институции на унијата

       Шефовите на државите, државните поглавари или претседателите на владите на земјите членки на Европскиот совет, кој до Лисабонскиот договор не беше институција на ЕУ stricto sensu. Му претседава претседател со манадат од 30 месеци и можност за еден реизбор. Тој ја претставува ЕУ во меѓународните односи. Советот на ЕУ (кој понекогаш се нарекува и Совет на министри) го сочинуваат 27 министри на влади. Тој има основна улога во економската, надворешната и безбедносната политика. Мнозинското гласање наместо едногласното ќе биде се почеста појава.
       ЕУ има и министри за надворешни работи под назив Висок претставник за надворешна и безбедносна политика (воедно и потпретседател на Комисијата). ЕУ има уште цела низа на институции - централна банка, инвестициона бана, омбудсман, суд на ревизори, одбор на регии, економски и социјален комитет...
       Европскиот совет, со потврда на Парламентот, го избира претседателот на Европската комисија, а тој самиот (со согласност на Советот на ЕУ) ги избира членовите на Европската комисија, а потоа Советот ја именува Комисијата по потврда на Парламентот. Многуте вклучени тела, но со мало лобирање на претседателот на Комисијата, всушност, поставува Комисија каква што сакаат. Само Комисијата предлага закони, спроведува политика, буџет, управува со програмите, ја претставува Европската унија во меѓународните преговори. Иако спроведувањето на европското законодавство во правилото е препуштено на земјите членки, Комисијата може да носи и проведбени акти.
       На секој член на Комисијата му припаѓа еден или повеќе ресори на Комисијата, кои се нарекуваат Општи управи (Directorate general - DG). На чело на секоја Општа управа се наоѓа генерален директор, а секоја општа управа се дели на управи на чие чело се директори. Посебните единици се правната и преведувачката служба на Комисијата.
       Европските комесари се прави владетели на Унијата. Комисијата е сосем наднационална, а членовите на Комисијата се обврзуваат во своето делување да не ги претставуваат земјите од кои доаѓаат, т.е. чии државјани се, да не примаат инструкции од своите влади, ниту од други институции на Унијата, туку да делуваат исклучително во интерес на Унијата.

    Парламент или дрдорница?

       Парламентот "ги претставува граѓаните", но за чудо, не донесува закони ниту има моќ на предложување на закони! Дури со Лисабонскиот договор своето овластување Советот на министри почнува по малку да го дели со Парламентот. Тоа се нарекува "сурешавање" (оваа постапка ќе ја објасниме подоцна). Парламентарните застапници можат да расправаат само за веќе предложените закони и да го даваат своето мислење за нив, застапувајќи ги притоа ставовите на наднационалните европски партии на кои им припаѓаат. Во тој парламент Србија, ако влезе во Унијата, би имала веројатно 12 пратеници, што од вкупниот број од 736 членови чини 1,6% застапници, а што е помалку од просечна статистисчка грешка. (бел. на прев. - ова, во поголем број на случаеви важи и за повеќето земји членки во Унијата и земји-кандидатки за членки, кои се надвор од главните играчи).

      Неизбраниот европски претседател
      
      Унијата има водач, Претседателот на Европскиот совет. Кој е тој? Кој го избрал? Претседател на пола милијарда Европејци не го избира народот, туку го поставува Европскиот совет. Оваа функција, со неверојатната особеност на Европскиот парламент самостојно да не донесува закони и наклонетоста на Европската комисија да се однесува како советското политбиро, сигурно е една од најнедемократските институции на светот. Институцијата на Претседателот на Европскиот совет воведена е дури со Лисабонскиот договор. Со тоа е укинат системот на шестмесечно претседавање со Унијата при ротација на државите членки, иако шестомесечната ротација и понатаму е задржана со цел на председавање со сите конфигурации на Советот на министри, кога тоа се состанува во составот на министрите за надворешни работи.
       Претседателот на Европскиот совет, помеѓу останатите овластувања пропишани со член 15 од Договорот за Европската унија ја претставува ЕУ во меѓународните односи. Со други зборови, граѓаните на Европа ги претставува некој кого тие не го избрале. Првиот Претседател на Советот - дотогаш на европско ниво главно непознатиот фламански апаратчик Херман Ван Ромпуи, стапи на должност на 1 декември 2009 година. Неговата месечна плата беше околу 30.000 евра. (Што мислите по овој текст за ЕУ?-бел. на прев.)

       (europskaunija.yolasite, intermagazin.rs)
       12 јануари 2014   
    Rating: 0.0/0
    Views: 267 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024