Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 9:55 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО — РЕАЛИЗИРАНА ДИСТОПИЈА? (1дел)

    СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВО — РЕАЛИЗИРАНА ДИСТОПИЈА?

    Современото општество — реализирана дистопија?

    Често се прашувам дали сме свесни дека веќе живееме дел од некогашните непоимливи футуристички предвидувања на предците? Веќе сме 2014 година, а насекаде низ светот пророштвата се исполнуваат. Нивните стравови за човештвото од иднината се вклучени во нашето стабилно секојдневие. Дистопискиот уметнички жанр, кој се вбројува во научната фантастика, се занимава токму со замислата за несреќите и за падовите на општеството и на индивидуата под влијанието на системите и на практиките што, пред сѐ, ја осакатуваат слободата.

    Oд крајот на 2013 година, Тони Димитров одржува во скопскиот АКСЦ филмски вечери, кои се дел од серијалот наречен „Дистописки визии". Тој е радиоводител и радиоактивист, филозоф, но и културен истражувач. Нему дистопијата му е извор на инспирација и тема за критички осврт уште од раните студентски денови, а потоа му ги обликувала и дипломската и магистерската работа на Филозофскиот факултет. Во АКСЦ досега се прикажуваа и се дискутираше за: „Зелен сојлент" (Soylent Green, 1973), „Тие живеат" (They Live, 1988) и „Фаренхајт 451" (Farenheit 451, 1966), а се надеваме дека ќе следуваат уште многу други.

    Што првично тебе те привлече кон дистопискиот жанр?

    Критичката димензија. Во дистописките романи, иако припаѓаат на научно-фантастичниот жанр, основата не е само во простото отсликување на иднината, туку и во критичката димензија и во оспорувањето на социјалните услови во претставеното општество, кое лесно може да се забележи дека многу наликува на стварноста доколку ја набљудувате малку подлабоко. Тоа е неспорната филозофска димензија, која резигнира, но и просветлува.

    Јас, како студент по филозофија, уште од прва година бев просто вовлечен во светот на дистопијата преку Замјатиновата „Ние", за на крајот факултетот да го крунисам со опширна дипломска работа на тема „Негативната утопија и современото општество". Во неа најпрвин детално ја обработив утопијата, а потоа дистопијата како жанр, но и како критичка антиципација на иднината, за конечно да ја споредам дистопијата со современото општество или со она што ние денес го живеемеТезата ја продолжив од малку поинаков агол и во магистерскиот труд под наслов „Како да се заштитиме од технологијата во постмодерното општество", критикувајќи ги науката, научниот метод, рационализмот, технологијата и начинот на кој таа се користи во условите на развиениот капитализам.   

    Кој е твојот омилен филм од оваа категорија и зошто?

    Ако станува збор за филм, тоа нека биде „Зелен сојлент" (Soylent green), филмот со кој го започнав серијалот, бидејќи сосема прецизно го претставува денешното општество со севкупниот габарит на проблеми, кои се антиципирани до детаљ. Од пренаселеноста, недостигот на храна и на ресурси, загадувањето на почвата, на водата и на воздухот, промената на климата и ефектот на стаклена градина, класната дискриминација и корупцијата, контролата и полицискиот час, па сѐ до сегашните проблеми, како што се еутаназијата и доминацијата на корпорациите. Дејството се случува во 2022 година, што е за помалку од 10 години од сега и укажува на тоа дека сите овие проблеми се имаат остварено со безмалку хируршка прецизност, кратко пред предвиденото. Филмот го гледав на доста рана возраст (6-7 години) и ми остави толку силен впечаток што прецизно паметев детали од него сè додека не го гледав повторно, кога открив нови работи, за кои тогаш, секако, не сум ни можел да бидам свесен. Сепак, целата слика, иако во тоа време сè уште беше научно-фантастична, дури и на таа возраст ми изгледаше многу реална. Исто како и денес, кога веќе не насетувате разлики помеѓу филмот и светот во кој живеете или, во најдобриот случај, кога таа слика се остварува пред вашите очи. Додека, пак, од романите морам да го споменам „Храбриот нов свет", кој претставува прецизна слика на денешното капиталистичко-потрошувачко општество, кое под превезот на економската слобода и на демократијата всушност е брутално, експлоататорско и ограничувачко. Тука доаѓаме и до вториот филм од серијалот, „Тие живеат" (They Live), кој покажува и кој го контролира тоа општество, т.е. кој седи на врвот на пирамидата и кои се методите со кои ги контролира оние што се во долните слоеви.  

    Која е реалната опиплива цел на серијалот филмски вечери „Дистописки визии"?

    Освестувањето. Сите овие филмови и романи што ќе бидат претставени преку проекции, дискусии и предавања имаат, покрај критичката димензија, и освестувачка намера. Преку нив можеби ќе дојдете до некое ново откровение за општествените услови за кои можеби не сте биле свесни и ќе почнете поинаку да размислувате и да ги перципирате нештата во своето опкружување, особено откако подлабоко ќе се продискутира потконтекстот на идејата на филмовите или на романите и ќе се спореди со она што се случува денес. Тоа може да има ефект на расонување или на конечно пробудување и освестување од заспаната состојба во која системот сака да бидеме заради полесна контрола.

    Денес филмовите се лесно достапни до пошироките маси, наспроти книгите, кои сè помалку се читаат (особено теориските), а во еден филмски час може да се сместат многу информации. Па, наместо да ги користат против нас, за пропаганда и за поттикнување насилство, што е основната цел на холивудската продукција, можеме да ги пренамениме и да ги искористиме во обратни цели – за подигнување на свесноста за тоа како стојат нештата во светот. Особено денес, со интернетот и со виралните својства на социјалните мрежи, достапноста на ваквите информации е сè поголема, а секако дека и ефектите се видливи.

    Идејата е проекциите да бидат проследени и со дискусија, но понатаму во серијалот ќе има и презентации или предавања за теоријата што стои зад жанрот, што дополнително ќе го збогати концептот.


    Rating: 0.0/0
    Views: 265 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024