Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-04, 10:14 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Општество [70]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Општество » Општество

    Јасна Ково Културологија Женскиот субјект во турбофолк-културата (1дел)

    Женскиот субјект во турбофолк-културата

    Турбофолк-феноменот, како културолошки и/или како социолошки феномен, бил предмет на значајни истражувања и размислувања на многу автори/авторки. На ова укажува и авторот на книгата Турбофолк-ѕвезда, Златан Делиќ, истражувајќи ја со воведно разгледување релевантноста на студијата со која се занимавал. Во тој поглед, симптоматично е да се истакне дека споменатиот наслов е настанат како производ на магистерското истражување на авторот на Отсекот за родови студии на постдипломската програма по интердисциплинарни студии. Родовите студии како интердисциплинарна насока, и самите неприфатени како меродавна програма во рамките на конвенционалните (мејнстрим) научни дисциплини и на официјалните програми на академските институции се плодоносна почва за поставување на прашањето за „релевантноста" на истражувањето на турбофолк-феноменот како феномен пред кој елитистички се затвораат очите, како што многупати истакнува и авторот на студијата. Исто така, изборот на токму ова (интер)дисциплинарно поле за анализа ќе ги одреди методолошката рамка и задачата на истражувањето на турбофолк-феноменот.

    Правејќи своевиден оглед на методолошкиот исход на работата, авторот истакнува дека не намерува „да се занимава со социокултуролошките ефекти на овие изведувачи и на нивните песни, со ’уметничката‘ вредност на турбофолкот како жанр или со неговото масовно влијание врз публиката" (2013: 9); напротив, како задача за оваа научна студија тој бира текстови, и тоа според репрезентативниот модел: есенцијалистички прикази на женскиот субјект преку кои се поддржува хетеронормативниот модел и уочување на пречекорувањето на тие зададени рамки одредени со поместувањето како „еманципирачки политики".

    Репрезентативните икони на турбофолк-културата

    За репрезентативните модели на текстуалната анализа на турбофолк-песните и за начинот на кој се презентира женскиот субјект преку текстот, преку визуелната содржина и преку изведбата на пејачките, Делиќ одбира четири пејачки како најрепрезентативни фигури/женски субјекти на турбофолк-музиката и на турбофолк-културата. Станува збор за Лепа Брена како зачетна фигура на турбофолк-сцената и за истражување на нејзината појава од осумдесеттите години на минатиот век и на градењето конструкт на југословенска „хероина": „Женскиот субјект всушност се употребува за да се раскаже приказната за југословенството, кое е една од клучните одлики на кариерата на Брена како југословенската Барбика, која со следните албуми ќе стане далеку потранспарентна и непосредно артикулирана" (2013: 54), но и за Лепа Брена во новите политички и социокултурни контексти на деведесеттите и на првата декада на 21 век. Исто така, како доминантни фигури на репрезентативноста на турбофолк-сцената се земени и: Цеца, спој од страдалничка фигура и хероина на етнонационалистичкиот дискурс на Србија во деведесеттите и подоцна; потоа Северина Вучковиќ, репрезентативна фигура на турбофолк-феноменот што не ја опфаќа само српската сцена, туку, како што гледаме од анализата на нејзините текстови и видеоклипови, овој феномен се прошири надвор од резервираниот простор на српското општество и во другите јужнословенски / ексјугословенски средини што „не се склони" на народниот мелос и на пазарните феномени на турбофолкот. Северина е амблематски пример за навлегувањето и за раширеноста на ова музичко и социокултурно влијание и во/на местата што во конвенционалниот простор се означуваат како „елитистички" оттргнати од овој феномен. Како четврта највлијателна или пак најрепрезентативна пејачка на турбофолкот е земена Јелена Карлеуша, и во текстовите на песните што ги изведува и во видеоспотовите прикажана како „жена-хистерик" како антипод на „жената-меланхолик" (Цеца), како што заклучува Делиќ. Она што е својствено за сите споменати репрезентативни фигури, односно за текстовите во кои се конструира женскиот субјект, според анализата на Делиќ, е моќта за трансформација и за трансгресија на наративните и на визуелните конструкции. Многумина веројатно ќе се запрашаат дали воопшто има смисла да му се пристапи на овој феномен со еден научен дискурс и колку оваа методолошка рамка за анализа што свесно ја одбира Делиќ има моќ на прикажување на конструкцијата на женскиот субјект во феноменот што го завладеа социокултурниот простор на поранешните југословенски републики, но и поширокиот балкански простор. Меѓутоа, пред тоа, можеби е значајно да се преиспитаат овие воведни места што се назначени како рамка на интерпретација на текстовите на споменатите пејачки.

     

    Rating: 0.0/0
    Views: 286 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024