Православните христијани го слават големиот верски празник, простуваат и бараат да им биде простено
Православните христијани денеска го слават големиот верски празник Проштени поклади кој меѓу народот е познат како Прочка.
Станува збор за еден од поголемите христијански празници во зимскиот период кој доаѓа по Бадник, Божиќ, Водици и Свети Трифун, а кој го најавува почетокот на пролетните празници. Со Прочка практично започнуваат и велигденските пости.
Празникот името го добил по обичајот на овој ден да се дава и бара простување од пријателите и најблиските.
(МКД)
2 март 2014