Ова е сторија за двајца бездомници кои живеат под отворено небо во центарот на градот, на студ мраз, дожд или сонце. Нивните потресни животни приказни се само пример како живеат и кој им помага на бездомниците во државата. Само по улиците на Скопје има околу 350 бездомници, а во последните неколку месеци пет или шест од нив починале.
Нашите соговорници Хари и Благојче кои го отворија своето срце пред камерата на НОВА, велат дека надлежните чекаат температурата да падне на -20 степени целзиусови, за да бидат згрижени. Велат дека објектите за згрижување, кои биле спектакуларно најавувани во медиумите не ја вршат функцијата, а објектот во Чичино Село е опасен за живеење поради локалните банди. Благојче е инвалид во количка и неговата здравствена состојба е лоша