Огромно албанско знаме е поставено на стамбената зграда во близина на општината, каде што лани за првпат беше поставено по повод 100 годишнината од независноста на Албанија и денот на албанското национално знаме.
Како што најави градоначалникот Ружди Љата ова ќе стане традиција, што ќе значи дека по повод секој 28 ноември тоа ќе биде поставувано на истата зграда, на влезот во градот .
Знамето е во должина од 100 метри и ширина 25 метри и е најголемо знаме на Баканот. Него, лани го изработија млади од Дебар.
Во организација на локалната власт деновиве одржани се низа активности, а утре градоначалникот Љата организира и прием.
Фото и текст: Вера Тодоровска
(Дневник)
28 ноември 2013