|
Стевановска: Почиста нема од мене (Биљана Секуловска) /1дел/
Стевановска: Почиста нема од мене(од Биљана Секуловска)
Ова е политички напад врз мене, сите ме користат- и новинари и политичари, а јас сум чиста, нема почиста од мене, не се плашам од ништо, изјави денеска за НОВА, Валентина Стевановска, авторката на споменикот Александар Велики, на проектот Филип, на Татарчев и Порта Македонија.
-Не сум магионичар, јас тие пари што ги добив се трошоци, а сите детали се во финансиската конструкција дадена на Општина Центар, каде имам дадено отчет за сите потрошени пари, кои ми се префлени како трошоци, додава Стевановска.
Сите документи се наоѓаат во Центар а велат дека ги нема затоа што така им одговара. Тоа не е точно, се што ми побара администрацијата на Тодоровиќ, се приложив. Останатите документи се кај мене дома, но се е законски.
Стевановска вели дека не се работи за големи суми хонорар, а според пресметките на сите авторски дела, се работи за сума од 475.900 илјади евра, кои ги потврдува:
-Хонорарот е мал- овој за 65.000 евра за Александар, знаете ли колку земаат моите колеги од Италија на пример?Јас не се разбирам од политика, јас сум уметник, мојата работа е уметноста, не политиката. Сепак, Александар Велики е цел проект со придружни скулптури и релјефи и што се однесува до трошоците, Стевановска се повикува на веќе дадено интервју во Вечер на 29 април 2013, каде во детали ги има соопштено сумите и на нејзино барање, го цитираме:
-Трошоци за еден војник од три метри заедно со мојот авторски хонорар кој е 10% е 14.000 евра односно само мојот хонорар е 1.400 евра.
Вкупно за осум војници мојот хонорар е 11.200 евра.
Трошоците за еден лав од 2.5 метри изнесуваат 15.000 евра од кој за мене за авторски хонорар се 1.500 евра. Вкупно за двата лава имам земено 3.000 евра авторски хонорар.
(НОВА) 1 декември 2013
да ја сослушаме нашава богаташка, односно прочитаме
|
|
Views: 338
| Added by: Вељанко
|
|
|