Ова се главните препораки на завршната конференција „Влијанието на генетски модифицираната храна врз младите луѓе" која ја организираше коалицијата на младински организации СЕГА како дел од проектот „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост” во Скопје.
Зоран Илиевски, извршниот директор на коалицијата СЕГА вели дека со ваквите дискусии се зголемува свеста за користењето на ГМО храната и пренесување на различните мислења поврзани со оваа тема.
„Прeпораките кои ги искажавме на оваа конференција јасно укажува дека јавноста не сака да консумира и ГМО храната да биде дел од нивната исхрана. Потребна е и поголема контрола врз сите производи и храна која се увезува, со цел јавноста биде заштитена од несакани последици", вели Илиевски.
На завршната конференција во Скопје свои излагања имаа професорот Зоран Поповски раководител на катедрата за биохемија генетско инженерство при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, асистентот Игор Есмеров од Факултетот за ветеринарни науки и д-р. Слаѓана Велков.
Панел дискусии беа организирани во Скопје, Прилеп, Битола и Свети Николе на кои освен запознавањето со тоа што е генетски модифицирана храна (ГМО), граѓаните без информирани и за легислативата во Европската Унија и Македонија поврзана со ГМО, контролата на истата храна, како и со евентуалните ризици и последици кои може да ги има врз здравјето на луѓето од користењето на генетски модифицираната храна
Проектот „Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост" (Civic Observers for Health and Environment: Initiative for Responsibility and Sustainability COHEIRS) се спроведува во 12 земји од Европа меѓу кои е и Македонија и е поддржан од програмата Граѓаните за Европа (Citizen for Europe), а го спроведуваат Асоцијација на агенции за локална демократија (ALDA) во партнерство со коалицијата за младински организации СЕГА.
(МКД)
5 декември 2013