„Јас сум овде до три, а во пет доаѓа друго лице и тој вчера кога дошол, ми се јави вели овде е отворено, влезено е и сè е искршено", вели намесникот Благој Андоновски.
Тие вчера веднаш пријавиле во битолската полиција, која денеска излегла на терен и направила записник. И црквата презела активности за заштита.
Овој манастир често е на нишан на вандали, кои покрај што кршат и расфрлаат, во минатото ги одземале и парите што верниците ги оставаат за свеќи и за здравје во манастирот.
(МКД)
6 декември 2013