Како што може да се забележи од фотографиите, организирана група „го нападна" споменикот на цар Душан за кој се уште не се знае кој го нарачал, платил и поставил и за кој никој не сака да преземе одговорност.
Според информациите на Алсат-М, група од 20 до 30 граѓани ноќва нешто по полноќ се обидела да го урне споменикот, но по многуте обиди споменикот е значително оштетен, но не и срушен. Како што пренесува телевизијата, меѓу граѓаните имало и претставници на ДУИ.
Нападот на споменикот следува откако вечерва на социјалните мрежи извесен Африм Гаши објави отворен повик за протест и уривање на споменикот, но за утре во 12 часот.
(Либертас)
7 декември 2013