Индексот е многу висок кога концентрацијата на ПМ10 е 180 микрограми на метар кубен, а висока концентрација се смета кога концентрацијата е меѓу 90 и 180 микрограми.
Дозволената концентрација е 35 микрограми.
Високи концентрации беа забележани и во текот на вчерашниот ден на сите мерни места во Скопје, како и во Кичево и Тетово.
Во ваков случај се препорачува ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.
Во случај на надминување на среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри се препорачува да се користи јавниот превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материја, како и правилно користење на печките за дрва.
Граѓаните можат квалитетот на воздухот да го следат на веб страна аирљуалиту.моепп.гов.мк.