Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 9:29 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    За самоволието на агите казната била ликвидација (2дел)

    Ликвидацијата на Шендел

    Се појавиле и незадоволни лица, кои веќе преминале во илегалност и започнале самостојно да дејствуваат, каков што е примерот на Петре Мукев Шендел. Тој не бил одметник, туку борец против власта. Шендел морал како млад да го напушти Кривогаштани и да се стави под заштита на силниот и влијателен Смаил-ага, закупец на десетокот. Не можејќи подоцна да ги поднесува неговите самоволија вршени врз народот, Шендел го напуштил Смаил-ага и, како илегалец, започнал да го обиколува регионот и да го заштитува народот против самоволијата на османлиските аги, бегови, одметници и арамии. Тој се поврзал со Христо Стефанов Карев и со Христо и Никола Ковачот од Крушево. Четите што доаѓале во Крушево, поради немањето муслиманско население и администрација со постојано место на живеење во градот, заедно со нивните соработници, јатаци и конспиратори не внимавале многу на своите активности. Петре Шендел на Велигден 1878 година се наоѓал во крушевското Мочур Маало, брсјачко мало во Крушево, најверојатно кај своите блиски соборци и јатаци, слободен излегол каде што се одржувала вообичаена прослава за вакви празници со зурли и тапани, при што бил откриен од властите што започнале да го гонат, а тој со помош на своите соработници успеал да го напушти Крушево и по реката Камберица, меѓу селата Врбоец и Трстеник, да стигне до една воденица на Селечка Река, каде што ранет се засолнил и криел извесно време. Тука случајно го откриле деца-овчарчиња од муслиманското село Алданци, ги известиле првенците од селото, кои го убиле, а неговото тело го фрлиле во Селечка Река, која, пак, го однела под селото Светомитрани и тука било пронајдено од неговите соселани и погребано во црквата „Света Пречиста". 
    Необјавена фотографија од Христо Поп Стефанов водачот на Крушево

    - По ликвидирањето на Шендел во пролетта 1878 година, во западниот пелагониски регион на Прилепската нахија, кој гравитирал и кон Крушевската околија, започнале да дејствуваат браќата Диме и Мијајле Чакреви од Прилеп, каде што насилствата на разбојниците биле големи. Димитар Чакрев, заедно со брата си Михаил (Мијајле), Тоде Бочварчето и брат му Илија, Ѓеорѓи Лажот, Стојан Рушан, Илија Ќајта, Илија Радобилецот со неговиот син и Мицко Мариовчето организирале чета во Прилепско, попозната како „Чакревци" - раскажува Богески.

    Убиствата на одделни познати самоволни насилници, толерирани од официјалните османлиски власти, го подигнале моралот на исплашеното и понижено население, а агитациите за востание и блиско ослободување придонеле за поактивен однос на масите кон заговорничката борба, како најсоодветно средство за постигнување на општата цел - отстранување на османлиската власт. Во Крушево заговорничкиот кружок, кој и порано бил поврзан со одделни села, по 1878 година добил пошироки димензии и започнал да влегува во врска и со соседните околии. 

    Се собираат средства за купување оружје

    - Кон крајот на 1878 година Крушево го посетиле браќата Диме и Мијајле Чакреви, во придружба на поп Атанас, братот на поп Христо, и во придружба на уште двајца четници отседнале во куќата на поп Христо Поп Стефанов, кој веќе станал срцето на заговорничкиот кружок во Крушево. Заедно со Христо (Ицо) Стефанов Карев, Никола Ковачот и бакалџијата Боце Бојаџиев направиле планови за организирање на градот и околината, како и на соседните околии, за создавање јатаци и за собирање помош и оружје. Диме Чакрев ги изнел и плановите на митрополитот Натанаил за организирањето на населението. Врз основа на направениот разговор и донесените решенија по дваесетина дена, во селото Долно Дивјаци бил свикан поширок состанок, на кој присуствувале и други актуелни војводи од соседните околии. Било решено да се бараат средства за купување оружје, да се зголеми бројот на четниците и да почне чистењето на Турците што се истакнувале по своите самоволија. Поп Христо бил задолжен да оди во Битола и преку гавазот на рускиот конзул, крушевчанецот Атанас, да дознае дали со помош и посредство на руското конзулство може да се набави оружје. Во Битола поп Христо бил примен од конзулот Њега, пред кого се пожалил за тешката положба, предизвикана од самоволијата на османлиските аги и бегови и од немањето оружје за населението само да се брани. Конзулот го советувал да бидат мирни и му ветил дека ќе го посети Крушево. По извесното организациско зацврстување на четите, започнало убивањето на познатите злосторници во секоја околија. За период од 7-8 месеци во текот на 1880-1881 година во Крушевско и во Прилепско биле ликвидирани поголем број османлиски насилници и самоволници. По ова, еден од првите деребии, уништен во прилепско-крушевскиот реон, бил познатиот рувчански деребија Јашар-бег, кој со разбојништва и грабежи се стекнал со големи имоти. Поради тероризирање, македонското христијанско население од овој крај се побунило и побарало Диме Чакре да го ликвидира. Ликвидирањето на Јашар-бег го побарале и прилепските познати првенци Крапчевци. Но ликвидирањето било тешко зашто бегот не излегувал од својата кула. Чакре со помош на крушевчанецот Гушу Фета Џока успеале да го измамат да влезат во неговиот дом како арнаути и вечерта да го ликвидираат бегот. Во куќата му заплениле над 200 лири и разни тефтери со записи што ги евидентирале и ги запишувале неговите должници меѓу населението, додава историчарот.

    Во селото Житоше, во 1879/1980 година се јавиле тројца качаци, кои биле страв и трепет за околните села. Луѓето се плашеле да одат на пазар, на нива, в планина. Конспираторите можеле лесно да ги ликвидираат, меѓутоа се плашеле од тоа што на населението можеле да му навлечат многу сурова одмазда.

    - Критичниот и одлучувачки момент дошол кога качаците заплениле една невеста од селото Острилци, Крушевско, и не само што ја опљачкале туку ја задржале и цела недела со себе. По ова била донесена одлука качаците да бидат убиени. Нивната ликвидација била извршена од четата на Диме Чакре. Во прилепскиот крај во овој период особено по своите самоволија се прочул Чучук Сулејман, кој на селаните им наметнувал разни даноци и давачки, обесчестувал моми и невести, убивал кого ќе посакал, дури и го обесчестил и поп Цека од селото Царевиќ. По овој случај дури заседавала и прилепската егзархиска општина и иницирала формирање една чета што ќе го заштити населението од Прилепско од насилствата на Чучук Сулејман и ќе го одмазди и поп Цека, кој набргу починал. Мнозинството од членовите на општинскиот совет сметало дека треба да се дејствува брзо. Набргу четата на Спиро Црне добила задача да го убие деребијата Чучук Сулејман. Убиството се случило на Илинден 1880 година, откако го напуштил селото Гудјаково. Потоа четата извршила уште неколку ликвидации на уште неколку други насилници по патот Прилеп - Битола - истакна Богески. 

    Тој за настаните од овој период вели дека многу малку се знае или, пак, недоволно се третирани во историската наука, освен од поединци.
     
      
    Автор: Каролина Мицевска
       (Нова Македонија)
        7 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 388 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024