Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2024-12-26, 10:08 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Моштите на свети Климент растурени во три држави

    Моштите на свети Климент растурени во три држави

    Со обновувањето на Климентовиот храм на Плаошник во 2002 година, со архијерејска одлука на Синодот на МПЦ, решено е со свечена литија моштите повторно да се преместат и постават на историското место на првиот Климентов храм посветен на свети Пантелејмон на Плаошник, каде што се наоѓа и гробот на свети Климент


    Светецот дели иста судбина со македонскиот народ 

    Најголемиот дел од моштите на свети Климент Охридски се чува на манастирот „Свети Пантелејмон" на Плаошник во Охрид. Остатоците од черепот се чуваат во манастирот „Свети Јоан Продром" кај Бер, денешна Верија, Грција. Во Софија, пак, има парче од моштите со големина на нокт. Пред неколку години владиката Тимотеј ѝ подари мала честица од моштите на свети Климент на пловдивската митрополија, каде што била изградена црква што го носи името на светителот. 

    Од Македонската православна црква-Охридска архиепископија велат дека тоа што моштите на свети Климент се наоѓаат во Охрид е заштитно обележје за темелите на Охридската архиепископија. 
    - Во Плаошник се чуваат моштите од раката и дел од ногата на свети Климент. Православните цркви имаат практика да отстапуваат дел од моштите на светителите. Сепак, за начинот и целта на таквите подароци одлучуваат синодите на тие цркви - кратко изјави г. Тимотеј. 

    Епископот Климент од манастирот „Зрзе", Прилепско, и член на Синодот на МПЦ-ОА, го носи името на овој светител. Вели дека судбината на моштите на свети Климент Охридски е речиси идентична со онаа на македонскиот народ. 

    - Силни мажи, императори, цареви и властодршци, војници, прелати, преродбеници и мноштво национални и црковни дејци со славни имиња оставиле траен белег во душата на народот на овие простори и се составен дел од нашата идентитетска стварност. И сите тие ни се блиски, сите се наши. Но едвај на една рака ќе ги наброиме оние што ги препознаваме како родители на народот, родоначалници, како негови татковци и отци. Меѓу нив, еве веќе единаесет столетија, најблизок и најприсен на нашите души е светиот отец наш Климент Охридски - истакна г. Климент. 

    Додава дека неговото тело е поделено на три дела, кои се наоѓаат во Македонија, Грција и во Бугарија. 
    - Така, денес овој жив и дејствителен светител, со нераспадливата десница од Охрид благословува, од Бер со исцелително миро болните ги лекува, а од Софија и од Пловдив, пак, сите што со вера и љубов му пристапуваат ги утешува и укрепува. Мислам дека токму тоа е мисијата на светителот во ова време на поделби - да обединува - објаснува г. Климент.
    Едно делче од моштите во 70-тите години на минатиот век било пренесено во интернат во Рим, Италија.

    Откривање на моштите

    Не е познат датумот кога се откриени моштите на свети Климент, а исто така нема ниту точен писмен извор за тој настан. Вака теологот Гоце Ристески од Охрид, кој се занимава со палеографија и старословенска книжевност, но исклучиво работи со оригинални извори, со средновековни ракописи и старопечатни книги, ги објаснува обидите да се дојде до докази за откривањето на Светиклиментовите мошти.

    Вели дека, според некои научни сознанија, најверојатно тоа се случило при реставрацијата на црквата „Свети Пантелејмон" за време на владетелот Теодор Комнин, кој владеел од 1215 до 1230 година. Тоа, како што вели Ристески, може да се потврди и со збогатувањето на химнографскиот циклус во чест на свети Климент Охридски од страна на охридските архиепископи Димитриј Хоматијан (1216-1234 г.) и Константин Кавасила (1250-1263 г.), во чии творби веќе се опеваат и моштите и чудата на свети Климент Охридски. 

    Ристески раскажува дека со потпаѓањето на Охрид под турско владеење храмот е разрушен, а на истото место е подигната џамија. Во тоа време моштите се пренесени во црквата „Света Богородица Перивлепта", која по овој настан и до денес од народот е ословувана со името на свети Климент Охридски. Одреден период моштите биле чувани и во црквата „Мал Свети Климент" во Охрид. Во 1952 година моштите на светецот се пренесени во црквата „Свети Никола-Геракомија" во Охрид, бидејќи истата година „Перивлепта" е претворена во споменик на културата.

    Плаошник го чува свети Климент

    Со одлука на Владата, од 24 јануари 1991 година црквата „Перивлепта" повторно ѝ е вратена на МПЦ, а по повод тој настан МПЦ на 10.9.1991 година донела одлука моштите повторно да се вратат на старото место, односно на празникот Сите македонски светители да се вратат во Охрид и свечено да бидат внесени и положени во црквата „Свети Климент", кога ќе биде и преосветен овој храм. Тогаш архиепископ на МПЦ бил г.г. Гаврил. 

    - Ова е и единствениот случај досега кога со поворка моштите поминале низ повеќе градови. Тогаш пред моштите на свети Климент се поклонила тогашна политичка елита, на чело со покојниот претседател Киро Глигоров - додава теологот Ристески. 

    Но со обновувањето на Климентовиот храм на Плаошник во 2002 година, со архијерејска одлука на Синодот на МПЦ, решено е со свечена литија моштите повторно да се преместат и постават на историското место на првиот Климентов храм посветен на „Свети Пантелејмон" на Плаошник, каде што се наоѓа и гробот на свети Климент. Моштите и денес се таму, а на Климентовите празници, кои кај народот се познати како летен и зимски свети Климент, се отворени и поставени за поклонение и молитва во централниот дел на храмот. 

    Осум години државен празник 

    Веќе осма година Свети Климент Охридски се празнува како државен празник. 
    По тој повод, вечерта на 7 декември годинава (сабота), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон" на Плаошник, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба. 
    На 8 декември 2013 година (недела) во истиот манастир ќе се одржи богослужба. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници. 

    Ослободување од епископската должност

    Целиот Климентов живот, од најраната младост до длабоката старост, е непрекината молитва, непрекинато богослужење. Владиката Климент говори дека свети Климент сиот е во Христа, низ Христа, за и заради Христа. 
    - На крајот од животот, знаејќи дека се ближи средбата со неговиот возљубен Христос, старецот смирено побарал од земниот цар да го ослободи од епископската должност - додава г. Климент.
    Дејноста на свети Климент и неговите дела досега се разгледувани од повеќе автори и од различни аспекти, но општ е впечатокот дека најчесто се следат неговата просветителска и учителска дејност, како и неговите заслуги во создавањето на словенската писменост.

     
      
    Автор: Радмила Заревска  Фотографија: Емил Јовановиќ
    (Нова Македонија)
    8 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 331 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024