Институциите, како што наведува во соопштението владејачката партија, треба да постапат во согласност со законот што го дефинира ова прашање.
Наметнувањето дебата за процедурата на поставувањето не смее да биде алиби и оправдување за какво било насилство или вандализам и да затскрие нечие неодговорно и нецивилизирано однесување на „Мостот на цивилизациите", сметаат од партијата и нагласуваат дека споредбата со други случаи низ светот е дегутантна.
- Во Република Македонија живеат повеќе етнички заедници и ние сите сме должни да ги почитуваме културните и националните обележја на другите заедници, затоа што постапување со вандализам кон едни ќе повлече вандализам и кон други. ВМРО-ДПМНЕ ја разбира целта на поставувањето споменици на личности од различни цивилизации и периоди (антички, словенски, византиски, римски, христијански, албански, српски и други), личности што потекнуваат од различни културолошки и етнички идентитети, токму поради тоа што во Археолошкиот музеј се наоѓаат артефакти што овие личности ги оставиле зад себе на територијата на Македонија - се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.