- Споменикот на народниот херој Кузман Јосифовски-Питу е поставен во населбата Козле, општина Карпош. Локацијата на споменикот е во близината на неговото погубување, кое се случило на 25 февруари 1944 година, од страна на бугарски војник.
- Кузман Јосифовски-Питу е роден во Прилеп на 23 јуни 1915 година. Тој бил еден од главните организатори на антифашистичкото движење (1938-1941 г.) и на НОБ во Македонија (1941-1944 г.). Поради својата неуморна народноослободителна дејност многу луѓе го нарекуваат Гоце Делчев на НОБ.
- Споменикот е со висина од три и пол метри. Излеан е во бронза и е поставен на постамент од црн мермер.
- Автор на делото е академскиот скулптор Сашо Поповски. Бронзената скулптура е изработена од најквалитетни материјали и е излеан во домашната компанија РЖ „Институт", со седиште во Скопје.