ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА ОПОЖАРЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА
По 30.000 денари еднократна парична помош ќе добијат триесетина семејства од Тенеќе Маало во населбата Топанско Поле, чии куќи изгореа во пожарот викендот, одлучи Советот на Бутел. Семејствата што останаа без своите домови се сместени во детското одморалиште „Страхил Андасаров" во Љубанци. Скопскиот градоначалник вети помош од 1,5 милион денари, а Црвениот крст на град Скопје обезбеди 30 пакети со храна и хигиенски средства за да се задоволат потребите на околу 100 граѓани.
(Дневник)
11 декември 2013