Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:11 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Д-Р. СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ ЗА МАKЕДОНСKИТЕ ПРЕМРЕЖИЊА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ГОРДЕЕШЕ СО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (1дел)

    Д-Р. СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ ЗА МАKЕДОНСKИТЕ ПРЕМРЕЖИЊА

    ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ГОРДЕЕШЕ СО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

    Граѓаните со македонска самосвест треба да донесат одлука за иднината на својата земја и тоа мора да биде над интересите на која и да било македонска партија.

     

    И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ навикнаа да се идентификуваат со државата, иако уште во почетокот немаа зрел концепт за македонската државност. Притоа, на чело на двете главни политички партии во процесот на осамостојувањето на Македонија застанаа луѓе без никаков политички опит. На чело на ВМРО-ДПМНЕ беше избран 24-годишниот Љубчо Георгиевски, а на СДСМ – 29-годишниот Бранко Црвенковски. Првиот завршил компаративна книжевност, а вториот Електротехнички факултет. Значи специјалности без врска со политиката, меѓународните односи, државноста, смета проф. д-р Стефан Влахов-Мицов, историчар-балканолог, вработен во Институтот за национална историја во Скопје.

    Ова е само едно од видувањата на Влахов-Мицов за актуелните македонски состојби кои тој ги изнесува за „Публика" во настојувањето да даде и своевидно предупредување за опасности од ризиците и искушенијата со кои се соочува нашата земја. Тој укажува и на грешките кои, според него, биле прaвени во минатото потенцирајќи дека по никоја цена не смее да се дозволи отстапувањето од македонскиот идентитет. Kако пример за тоа тој ги посочува и промените во ставовите на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски. 

    - Младоста носи дрскост, но и комплекси поради немањето квалитет. Некогашните соработници на Георгиевски тврдат дека тој бил толку сиромашен што немал пари ниту за храна и облека. Сиромаштијата не е порок, но го прави човека зависен од искушенијата на власта и од меѓународните умилкувања и притисоци. Kај Георгиевски тој пресврт е драматичен - наведува тој.

    Влахов-Мицов потсетува дека на митингот во Скопје на 7 ноември 1990 година, Георгиевски изјави: „Оваа библиска Македонија е демократија повеќе од 2000 години. Сакаме да го потсетиме Македонецот дека токму од оваа наша почва македонска тргнаа војските на Александар Македонски и наметнаа една култура на цела Азија и Европа! Сакаме да го потсетиме Македонецот дека од територијата на Македонија тргна културата на целиот империјалистички свет! Сакаме да го потсетиме Македонецот дека во Македонија дојде свети апостол Павле и оттука ја христијанизира цела Европа! Сакаме да го потсетиме Македонецот дека оваа наша Македонија дала многумина императори! Сакаме да го потсетиме Македонецот дека во оваа наша Македонија е родено богомилското движење кое ја растресе цела Европа! Сакаме да го потсетиме Македонецот дека токму во оваа Македонија се родени светите браќа Kирил и Методиј, кои и го дадоа словенското писмо на половина Европа! Сакаме да го потсетиме Македонецот дека оваа Македонија беше една од најбогатите турски провинции во Отоманската Империја од Босна и Херцеговина до Египет! Сакаме да го прашаме Македонецот, дали случајно било тоа што повеќе од дваесет века Македонија беше центар на светот и на Европа?".

    - Дваесет години подоцна, Георгиевски се свртува за 180 степени и тврди: „Скопје пополнува 2.000 години дупки во својата историја". Таа изјава, како и изјавата дека „Александар Македонски бил најголем бугарофил во македонската историја" не заслужуваат коментар. Таквите изјави се дијагноза. Не заслужуваат коментар ни зборовите искажани на 28 мај 2010 година: „Тезата за Александар Македонски е дело на грчката пропаганда во Македонија. Ние постојано влегуваме во некои работи, де сакаме да крадеме од Грците, де сакаме да крадеме од Бугарите, де сакаме да крадеме од Албанците. Од Србите не крадеме, оти најкомпатибилни сме со нив! Не можеме со таа историја да продолжиме! На Македонија ~ се случува нова рејугословенизација на македонската нација. Груевски е носител на тој процес!" Логично, своето бугарофилство Георгиевски го запечати со бугарско државјанство, добиено на 23 февруари 2006 година, поради неговото „бугарско потекло", вели проф. д-р Стефан Влахов - Мицов. 


    За палење на македонското знаме - 15 години затвор! 

    Македонската држава ефективно ќе може да се бори против својата „петта колона" ако се донесат два закона, наведува Влахов-Мицов. Првиот треба да биде „Закон за одбрана на македонската државност" кој треба да содржи одредби за неменување на уставното име на Македонија, бранење на македонскиот јазик, историја, култура и традиција, воедно и одбрана на македонските државни институции и симболи. Според тој закон, треба да има многу тешки казни за секој што работи против државата и идентитетот, секој што води пропаганда за менување на името и секој што го негира македонскиот јазик, историја и култура. На пример, за палење на македонското знаме казната да не биде како досега само глоба, туку да биде 15 години затвор. На тој начин и македонските граѓани, воедно и непријателите, ќе почувствуваат дека постои македонска држава која има волја да си го одбрани суверенитетот. Вториот закон треба да ги задолжува невладините организации да ги декларираат своите спонзори, како и сумите што ги добиваат од нив. Таков закон постои во САД веќе десетина години, а во Русија беше воведен во 2012 година. Познато е дека поголемиот дел од невладините организации во Македонија пари за своите активности добиваат од странство и дека многу од спонзорите имаат нечесни и скриени намери кон македонската држава. Kој сака да живее на територијата на Македонија, не смее да работи против државата и идентитетот, во спротивно мора да биде казнет, а неговата организација, вклучително и политичка партија, да биде распуштена и забранета. 

    Борис Трајковски е жртва на западната бруталност

    Стефан Влахов - Мицов смета дека поранешниот македонски претседател Борис Трајковски можеше да биде добар државник ако живееше во друг дел на Европа.

    - Но, на Балканот таков вид државници се неуспешни. Тука државникот треба да биде силна, дури авторитарна личност, да не отстапува пред притисокот на соседите и на меѓународните институции. Претседателот Трајковски не беше таква личност. Тој ја гледаше поделеноста на македонското општество, партизацијата во него и се обидуваше да биде обединувач, но не со силна волја, туку низ компромиси. Македонскиот претседател попушти пред уцените на западните сили, а Охридскиот рамковен договор, кој предизвика промени и во македонскиот Устав, ја деградира државноста. Во 2004 година Трајковски загина при неразјаснета авионска несреќа, зашто знаеше многу тајни во врска со експериментот за уништување на македонската држава. Претседателот Трајковски беше мек, внимателен и толерантен човек, но мразеше да го лажат и да му го газат достоинството. Затоа и стана жртва на западната бруталност и интриганство - смета Влахов-Мицов.

    Бугарска сопка за украинските авиони за Македонија

    - Во 2001 година, Македонија беше нападната од албанските терористи кои дојдоа од Kосово откако покраината беше претворена во меѓународен протекторат. Терористите не беа многубројни, но владата на Георгиевски не презеде никакви дејства против нив, додека ситуацијата не излезе од контрола. Албанците стигнаа до Скопје и до Kуманово, и дури тогаш Георгиевски побара воено-техничка помош од Бугарија. На 7 март е потпишана Спогодба за воено-техничка помош, а на 29 март и Договор за купување оружје и муниција од Бугарија. По интервенцијата на САД и на НАТО во поткрепа на Албанците, Бугарија не само што го запре испраќањето на договорената помош, туку го затвори и својот воздушен простор за да го спречи доаѓањето на воените хеликоптери и авиони, кои Македонија ги купи од Украина. За да биде трагедијата целосна, опозицискиот СДСМ го повика македонското население да не војува „за Љупчо Георгиевски". Партиските интереси беа ставени над одбраната на државата. Со Рамковниот договор од 2001 и Законот за територијалната поделба од 2004 година, САД ја реализираа својата идеја за голема Албанија - констатира тој.

    Rating: 0.0/0
    Views: 339 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024