Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:15 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Д-Р. СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ ЗА МАKЕДОНСKИТЕ ПРЕМРЕЖИЊА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ГОРДЕЕШЕ СО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (2дел)

    Д-Р. СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ ЗА МАKЕДОНСKИТЕ ПРЕМРЕЖИЊА

    ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ГОРДЕЕШЕ СО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ


    Опасноста од национален мазохизам и нихилизам 

    Според него, освен нестабилните политичари, голема опасност за Македонија е и македонскиот национален мазохизам и нихилизмот. Мазохизам е тоа што секоја година стотици илјади Македонци одат на одмор во Грција, во државата која официјално признава дека сака да го уништи македонското име и идентитет, правејќи и донација од околу 700 милиони евра. Мазохизам е кога самите Македонци на границата со Грција ја покриваат со изолир-ленти ознаката МK на своите регистарски таблички. Нихилизам е кога во источна Македонија има многу автомобили со бугарски регистарски таблички и на тој начин нивните сопственици заштедуваат само по неколку стотина евра. Нихилизам е кога десетици илјади Македонци земаат бугарско државјанство за да може да работат во ЕУ и за таа цел се прогласуваат за Бугари. Нихилизам е и кога стотици илјади македонски граѓани емигрираат од државата и чија бројка во последниве десет години е 230 илјади. 

    - На животниот мазохизам и нихилизам на граѓаните, македонските политичари одговараат со политички мазохизам. Да го земеме односот кон македонските соседи. Во последниве дваесетина години нашите политичари одвратно ~ се додворуваа на Бугарија. Секоја посета на Софија ја почнуваа со благодарност дека Бугарија прва ја признала Македонија. Прво, Бугарија ја призна Македонија за да не биде престигната од Турција. Второ, познато е како се случи тоа признавање. Има стенограми, има меморандуми, читајте ги. Против признавањето беа повеќето од пратениците во бугарското собрание и поголемиот дел од владата. Претседателот на собранието Стефан Савов, министерот за надворешни работи Стојан Ганев, претседателите на комисиите за надворешна политика и за национална безбедност беа против. „Признавањето" го изврши тогашниот премиер Филип Димитров во отсуство на Савов и Ганев, кои беа надвор од државата. Во последен момент, Желев го поддржа премиерот, но изјави дека Бугарија ја признава македонската држава, но не и македонската нација и македонскиот јазик, потенцира овој познат македонски интелектуалец.

    Тој нагласува дека со откажувањето да ги признае нацијата и јазикот, Бугарија практично не ја призна Македонија. Зашто, ако ги исклучиме виртуелните држави на интернет, секоја држава има народ кој комуницира меѓу себе и создава култура на свој јазик. Без народ нема држава, туку само географско пространство. Бугарија секогаш ја признавала само географската област Македонија и тоа „признание" на 15 јануари 1992 година беше во истиот дух. 

    - Затоа кога денес Бугарија прави притисок за склучување Договор за добрососедство, македонската држава, наместо да се лигави дека тоа не е неопходно, треба отворено да каже дека договори се склучуваат меѓу реални држави и нации. Kога Бугарија ќе ги признае македонската нација и јазикот, дури тогаш може да почнат преговори за што и да е. До 2006 година Бугарија „безрезервно" ја поддржуваше Македонија за ЕУ, затоа што таа тогаш с` уште не беше кандидат-членка. Откако стана таква, „безрезервната" поддршка ја смени со „условена" и почнаа уцени за признавање на бугарско малцинство во Македонија, за промена на македонските учебници, за заеднички чествувања на историски настани, односно признавање дека до 1944 година Македонците биле Бугари. Во практиката, Македонија направи многу повеќе за Бугарија, зашто благодарение на неа Бугарија почна преговори за влез во ЕУ! Затоа македонските политичари не треба да се заблагодаруваат на Бугарија, туку да бараат благодарност од страна на Бугарија, признавање на македонското национално малцинство и враќање на судската регистрација на ОМО „Илинден" - ПИРИН - оценува Влахов - Мицов додавајќи дека дури од неодамна македонската дипломатија почна да зборува за неопходноста од симетрија, реципроцитет во односите со Бугарија, но засега се задоволува да биде во одбранбена позиција. 

    Според него, национално предавство било потпишувањето на Декларација за сестрана соработка „врз основа на меѓусебно почитување, доверба, разбирање, добрососедство и заемно почитување на нивните држави и народи", кое на 12 февруари 1999 година ја потпишале тогашните премиери, македонскиот Љубчо Георгиевски и бугарскиот Иван Kостов.

    - Содржината на таа декларација може да се окарактеризира како национално предавство на македонските интереси и да се спореди со Привремената спогодба со Грција потпишана од СДСМ во 1995 година. Со таа декларација, македонската влада се откажа од заштитата на македонското малцинство во Бугарија, а покрај тоа го понижи и македонскиот јазик сведувајќи го на „службен јазик". Бугарија го искористи тој неверојатен подарок и кон крајот на 1999 година почна преговори за членство во ЕУ а само неколку месеци подоцна, на 29 февруари 2000 година, бугарскиот Уставен суд ја поништи регистрацијата на ОМО „Илинден" и досега ја нема вратено. На тој начин, Владата на Георгиевски не само што и отвори пат на Бугарија кон ЕУ, туку и даде можност како член на таа организација и на НАТО сега безобразно да ја оценува Македонија, смета Влахов-Мицов.


    Rating: 0.0/0
    Views: 325 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024