Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:28 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Д-Р. СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ ЗА МАKЕДОНСKИТЕ ПРЕМРЕЖИЊА ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ГОРДЕЕШЕ СО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (3 дел)

    Д-Р. СТЕФАН ВЛАХОВ МИЦОВ ЗА МАKЕДОНСKИТЕ ПРЕМРЕЖИЊА

    ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ СЕ ГОРДЕЕШЕ СО АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ

    МАНУ признава само Словени како Македонци?!

    Овој интелектуалец се осврнува и на сите дилеми и конфликти врзани за македонскиот идентитет. За него, самиот збор „антиквизација" е идиотски и ја демонстрира омразата на неговите автори, тој потсетува дека името Македонија е исто така античко и можеби затоа дел од опозицијата се готви да го смени. Се поставува прашањето - од каде таа омраза спрема античкото македонско минато? Според мене, вели проф. д-р Стефан Влахов-Мицов, омразата кон античкото македонско минато е резултат на партиското читање на историјата, односно резултат на носталгијата по југословенството.

    - Во комунистичка Македонија темите надвор од словенството не беа пожелни. Тоа беше така поради зависноста на KПМ од KПЈ, поточно – од српските комунисти. И Србите да имаа како Македонците античко минато, немаше да има никаков проблем. Меѓутоа, Србите немаат такво минато, затоа и периметарот на македонската историја требаше да се ограничи до средниот век и словенството. Самата алтернатива поставена од СДСМ – антички Македонци или македонски Словени, значи поделба, уривање на македонскиот идентитет. Kако да се поделат денешните Македонци, во кои има 30 проценти гени од античките Македонци и 15 отсто од македонските Словени? - се прашува тој.

    Влахов-Мицов потсетува дека, за жал, во 1996 година МАНУ објави обемна, луксузна „Етнологија на Македонците", која беше промовирана како „прв од ваков вид труд во Македонија". Во неа, потенцира тој, етногенезата на македонскиот народ започнува од Словените и немало ни збор за нивните претходници на оваа територија – за античките Македонци. А самото име Македонија, Македонци доаѓа од антиката, а не од средниот век. Од името на античките Македонци доаѓа и името на државата Македонија. Притоа Македонците низ вековите покажале дека може да живеат и без држава, но со зачуван идентитет. Обратното не е можно, затоа што кај нас идентитетот ја создавал државата, а не како кај нашите соседи, на пример, кај Бугарите, каде што државата го создава идентитетот. 

    - Ако доброволно се откажеме од нашето многувековно име, кое во себе го вклучува македонскиот идентитет, денешната македонска држава ќе се распадне како кула од картон. Против нас, како и многупати досега, се нашите соседи, кои сакаат да го уништат нашето име, нашиот дух, нашата македонска суштина, како и дел од големите сили, кои ја бранат својата митолошка конструкција за „грчкиот хеленизам" како лулка на европската цивилизација, сакајќи да ја погребаат историската вистина со духовното и физичкото уништување на македонизмот, кој е идеална иднина за цивилизацијата. За жал, официјалната европска историографија го идентификува македонизмот со хеленизмот иако хеленизмот е само изродена, етноцентрична деформација на македонизмот. На денешна Европа во лицето на ЕУ и одговара таа етноцентрична деформација, зашто самата таа е изградена врз етноцентрична, националистичка и шовинистичка основа, смета проф. д-р Влахов-Мицов, додавајќи дека во крајна линија, проблемот не е поврзан само со борбата за одбрана на македонскиот идентитет и на македонската држава, туку со уривањето на лажниот хеленистички мит создаден од Западна Европа пред два века. Во заштита на тој мит Грците и нивните западни покровители извршија, и продолжуваат да вршат, фашистички геноцид врз македонскиот народ, историја и култура.

       (Дневник)    14 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 253 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024