Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:05 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Музејот запечатен, вредни икони и артефакти во опасност

    Музејот запечатен, вредни икони и артефакти во опасност

    Заштитата и конзервацијата на вредните артефакти е отежната бидејќи пристапот до предметите е ограничен за време на истрагата

    Грижата за вредни археолошки предмети, икони, етнолошки материјали и предмети од историско значење е доведена во прашање поради „запечатувањето" на вратите на Музејот на Македонија поради истрагата која беше поведена за кражба на вреден археолошки материјал. По налог на Обвинителството, вратите на најголемиот музеј се' уште се затворени, а повеќето вработени не доаѓаат на работните места се' додека не заврши обемната ревизија и истрагата за предметите што недостигаат од музејското депо. Според извори од Музејот, се прават напори да се води редовна грижа за вредните археолошки предмети, кои датираат од постар период, а за кој е неопходно да бидат преземени навремени конзерваторски зафати. Сепак, целата постапка е отежната оти пристапот до предметите е ограничен, се' додека не се утврди кој се' бил вмешан во децениското изнесување вредни артефакти кои никаде не биле евидентирани. 

    До кога ќе биде затворен Музејот се' уште е неизвесно и покрај тоа што првите сознанија од истрагата МВР вчера ги предаде до скопското Обвинителство. Јавниот обвинител Марко Зврлевски за „Утрински весник" вели дека ќе бидат потребни десетина дена за да се проучат обемните материјали од увидот во музејскиот трезор и проверките на музејската евиденција. 

    „Во наредниот период Обвинителството ќе го проучи посебниот извештај за Музејот, ќе бара и дополните податоци доколку е потребно и ако има основа ќе се поведе истрага против конкретни лица", вели Зврлевски. 

    Она што е во рацете на полицијата, всушност, е пресекот на сите информации до кои дошла полицијата во текот на изминатата едномесечна истрага. Од она што е познато во јавноста, се смета дека недостигаат над 160 археолошки предмети, пред се', златни обетки и белегзии од локалитетот Исар Марвинци, но бројката не е конечна и е можно истрагата да се прошири и на другите музеи во земјава. 

    Според помошник-министерот за информирање, Иво Котевски, сега е приоритет да се расветли големиот грабеж што го пријавија вработени во Музејот на Македонија, кои забележале дека им недостигаат вредни предмети од колекциите за кои биле задолжени. Но, при увидот на инспекциите изминатиот период биле увидено дека станува збор за долготрајно изнесување вредни предмети од музејските депоа и тоа во изминатите 10-ина години. Предметите место да се пријавуваат како исчезнати, често се бришеле од евиденцијата и на тој начин се прикривало разнебитувањето на културното и историското богатство на земјава. 

    Според истрагата, во канцелариите на кустосите во Музејот на Македонија, наводно, биле пронајдени над 2.000 предмети кои никаде не биле евидентирани.

    Меѓу исчезнатите предмети се наведува дека недостигаат четири исклучително важни артефакти. Станува збор за златна обетка со приказ на Ерос и Амор, златна обетка со приказ на гулабица, која е прикажана на банкнотата од 1.000 денари, како и златната обетка која е врежана на банкнотата од 500 денари. (Д.Т.)

       (Утрински Весник)

        14 декември 2013


    Rating: 0.0/0
    Views: 277 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024