Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-12-25, 10:11 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Кои се крадците? Кустоси, археолози, ракувачи на депоа, агенции за обезбедување...

    Кои се крадците? Кустоси, археолози, ракувачи на депоа, агенции за обезбедување...

    Истрагата за кражбата во Музејот на Македонија се уште трае. Првичната проценка дека се украдени 166 артефакти, сега е подигната на исчезнати илјадници вредни парчиња од македонското национално богатство. Повеќе од еден месец трае истрагата и никој не кажува кој е мозокот на ова очигледно, со години спроведувано разбојништво.
     
    Осомничени има многу - кустоси, археолози, директори на музеи, полицајци и политичари кои ги овозможувале грабежите... Засега, само кустосите од Музејот на Македонија јавно го вперија прстот кон ракувачот на депото на музејот, а од вчера во судскиот процес Фаланга се кажа дека во грабежот можеби се замешани и агенциите за обезбедување на објектите на музеите.

    Во МВР велат дека до скопското Обвинителство веќе е предаден нивниот извештај, а од обвинителството велат дека ќе им бидат потребни најмалку десетина дена за да го проучат обемниот извештај од увидот во музејскиот трезор и проверките на музејската евиденција.
    Полицијата и натаму оостанува на првичната проценка дека недостигаат повеќе од 160 археолошки предмети, пред се, златни обетки и белегзии од локалитетот Исар Марвинци, но бројката не е конечна и е можно истрагата да се прошири и на другите музеи во земјава.
     
    Иво Котевски, помошник-министерот за информирање во МВР вели дека од увидот на инспекциите во изминатиот период може да се заклучи дека станува збор за долготрајно изнесување вредни предмети од музејските депоа и тоа во изминатите 10-ина години. Предметите место да се пријавуваат како исчезнати, често се бришеле од евиденцијата и на тој начин се прикривало разнебитувањето на културното и историското богатство на земјава, изјави Котевски. Според истрагата, во канцелариите на кустосите во Музејот на Македонија, наводно, биле пронајдени над 2.000 предмети кои никаде не биле евидентирани.
    Навистина шокантни се овие откритија на МВР.
     
    Веќе е објавено дека меѓу исчезнатите предмети се наведува дека недостигаат четири исклучително важни артефакти - златна обетка со приказ на Ерос и Амор, златна обетка со приказ на гулабица, која е прикажана на банкнотата од 1.000 денари, како и златната обетка која е врежана на банкнотата од 500 денари.

    Ваквиот начин на евидентирање и леснотија со која одговорните лица ракувале со вредните предмети покажува дека најверојатно никогаш нема прецизно да биде утврдено што се е украдено и каде завршиле тие предмети.

    Ова покажува дека освен постоечката мафија на дивите копачи кои со голема логистика во полицијата и во политиката со години илегално копаат по археолошките наоѓалишта на македонска територија, сега дознаваме дека постои и друга мафија која на уште полесен начин, директно преку државните институции, во музеите, си наоѓаат соработници и го продаваат непроценливото национално богатство.

    На вчерашното рочиште на судскиот процес „Фаланга 2" свој исказ имаше и Илчо Бојчевски, инспектор во Управата за заштита на културното наследство, првообвинет во случајот.
     

    „Уште пред една година дадов информација во МВР, со што предупредив за тоа што се случува сега. Секоја година има нови тендери за нова агенција за обезбедување на Музејот на Македонија. Наскоро ќе се открие како таквите агенции функционираат во земјава. Со сегашната истрага МВР бара криминал каде што го нема", изјави Бојчевски пред судскиот свет и додаде дека зад криминалот со артефакти во државата стојат големи финансиски моќници.

    Каде се украдените предмети? Најголем проблем ќе биде лоцирањето и враќањето на украдените артефакти кои високо котираат на аукциите, а за државата имаат непроценлива вредност и важност. Но, повеќе од сигурно е дека огромен дел од украдените артефакти е изнесен од државата и веќе е продаден на нелегални аукции кои се организираат во повеќе држави во ЕУ вклучувајќи и наши соседи.

    Додека истрагата е во тек, Музејот на Македонија е запечатен, се заканува друга опасност – отежната е заштитата и конзервацијата на вредните артефакти затоа што до нив за време на истрагата пристапот е ограничен. Повеќето вработени во музејот не доаѓаат на работа додека трае ревизијата и истрагата за предметите што недостигаат од музејското депо. За преостанатите вредни археолошки предмети неопходни се редовните конзерваторски зафати.

    А.Д.

          (МКД, Археологика)
           15 декември 2013
    Rating: 5.0/1
    Views: 288 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024