Празнина КОЈА сјае: Македонија Wednesday, 2024-11-27, 2:15 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    ИНТЕРВЈУ МИРKА ВЕЛИНОВСKА, ПО СОБРАНИСKИОТ СKАНДАЛ ВО ПЕТОKОТ ПЕЧУРКИТЕ НА ФРЧКОСКИ СЕГА СЕ НАЈГЛАСНИ ЗА МЕДИУМИТЕ (2дел)

    ИНТЕРВЈУ МИРKА ВЕЛИНОВСKА, ПО СОБРАНИСKИОТ СKАНДАЛ ВО ПЕТОKОТ

    ПЕЧУРКИТЕ НА ФРЧКОСКИ СЕГА СЕ НАЈГЛАСНИ ЗА МЕДИУМИТЕ

    Kој е излезот од ваквата ситауција во медиумите?

    Со овие исти челни луѓе во новинарската фела веќе 20 години нема решение на ситуацијата. Во Македонија треба да се случи ново новинарство. Ова е веќе дното. Прво, лустрација на новинарите. Потоа дефинирање на новинарството и негова регулација со закон за да можеме да се заштитиме. Ако некој сака да пишува пропаганди, може да го прави и тоа, ама текстот ќе биде потпишан од лобист тој и тој, па да знаат граѓаните кого и што читаат.

    СДСМ СО ПАРИ ВО СИНА КЕСА МИ ГИ ПОТКУПИ КОЛЕГИТЕ

    Можно ли е да се формираат медиуми што нема да бидат под влијание на политиката?

    -Двапати се обидов да го сторам тоа. Едниот проект беше „Старт", а другиот ЗУМ. За „Старт" не проценивме со колегите што ја напуштивме „Нова Македонија" дека газдата има скриени политички амбиции, кои сакаше да ги оствари преку медиумот и по шест месеци тоа го стори, односно стана функционер во СДСМ. ЗУМ го формиравме четворица новинари како косопственици. И најпосле кога направивме медиум без влијание на политиката го доживеав и тоа: колегите со кои сум го формирала медиумот и во кој бев уредник, под притисок на СДСМ во 2001 година, да одлучат и да ме известат на колегиум дека ми забрануваат да пишувам до денот на претстојните избори на 15 септември. Подоцна дознав дека сето тоа го организирал СДСМ и оти преговарачот од страната на партијата бил Владо Бучковски. Тој подоцна ми се извини дека морал да го стори тоа. Им ветил пари на моите колеги ако ја реализираат забраната. Планот го реализира тогашниот функционер на СДСМ, Илија Иљоски, кој кога моите колеги, сосопственици, ми ја доставија забраната, ги исплатил. Самиот човек ми кажа: „Им ги однесов парите во сина кеса како за на пазар во ’Александар палас‘ и ми бацуваа нозе". Тоа е сликата за слободата на новинарството. Едниот од тие косопственици дури му стана и шеф на кабинет на Бучковски додека беше премиер, а една од колешките сега е портпаролка на ДИK, со која раководи СДСМ.

     

    ШПЕКУЛАЦИИТЕ И ЛАГИТЕ ГИ СПРЕЧУВААТ ОПОЗИЦИСКИТЕ МЕДИУМИ ДА ПРКНАТ

    Главната забелешка на одредени медиуми и новинари е дека не можат да опстојат ако не бидат провладини. Главниот притисок им се правел со тоа што наводно фирмите под притисок на власта им ги повлекувале рекламите. Може ли да опстои опозициски медиум во Македонија?

    - Може. Ама со квалитетни информации и анализи. Нашите опозициски медиуми на пазар излегуваат со лаги, шпекулации и тоа народот го препознава. Не излегуваат со квалитетна критика и факти за некој да ги купи. И какви реклами сакаат да имаат. Провладините ги одбиваат со образложение дека ги доживуваат како притисок, а за да добиете реклама од клиент треба да сте релевантен и да користите факти. Ете го Саше Политико се жали оти немал реклами во емисијата и принудно ја прекинал. Па како да има реклами? Што покажа тој со емисијата? Му дојдоа сите што ги покани: од власт до опозиција, до бизнисмени, јавни личности, никој не го одби. Ама каков беше неговиот однос со нив и за што зборуваше за клиентите да препознаат квалитет и да се рекламираат кај него?

    Катерина Нешкова


       (Дневник)

       16 декември 2013

    Rating: 0.0/0
    Views: 206 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024