Делата за кои се обвинети се злосторничко здружување, шпионажа, оддавање државна тајна, уцена, измама и недозволено држење на оружје. Меѓу обвинетите се поранешни и актуелни разузнавачи како и екс директор на Агенцијата за перење пари. Од кривичниот суд за Канал 5 потврдија и дека со обвинението продолжен е притворот на 14-мината осомничени кои се во Шутка и на двајцата кои се во куќен притвор. Притворот им бил продолжен поради опасност од бегство и да не го повторат делото. Од минатиот месец од слобода се брани шефот на кабинет на претседателот на Собранието, кој излезе од притвор со гаранција во недвижен имот.
Целата истрага се одвиваше под превезот на тајноста, со образложение дека голем дел од доказите се со знакот на доверливост. Се уште не се знае колку ова судење ќе биде отворено да го следи јавноста.