Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2024-12-27, 1:02 PM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Апелација пресекла, во Велес не знаат дали ќе судат за „Ореше“

    Апелација пресекла, во Велес не знаат дали ќе судат за „Ореше"

    Апелацискиот суд Скопје веќе донел одлука дали Основниот суд во Велес четврти пат ќе суди за случајот „Ореше" или, пак, надлежноста ќе му ја довери на друг суд. Од велешкиот суд не знаат за одлуката, од Апелацискиот суд, пак, не знаат зошто досега судот во Велес не ја примил одлуката


    Случајот „Ореше" ќе се суди по четврти пат

    НОВИ МАКИ НА ВЕЛЕШКИОТ СУД

    Дали и кој судија ќе суди за случајот „Ореше" знаат само некои судии во Апелацискиот суд Скопје и некои судии во Велес. Иако според законот надлежен за судење на овој предмет може да биде само велешкиот суд, сепак оттаму велат дека барањето за изземање на судијата од предметот е според законот и дека одговорот за тоа треба да го даде Апелацискиот суд во Скопје.

    Прашината што се крена во јавноста за овој случај, а поради кој во затвор се двајцата судии и јавниот обвинител што беа вклучени на претходните три судења, е најверојатната причина зошто судијата од Велес кому му се паднал предметот за работа побарал изземање од Апелацискиот суд во Скопје.

    АПЕЛАЦИЈА ГИ ЗНАЕ ПРИЧИНИТЕ

    Претседателот на судот Јордан Лазаров ја потврдува информацијата, но одговор за причините за барањето за изземање на судијата од овој случај рече да побараме од Апелацискиот суд во Скопје.

    - Не знам дали Апелацискиот суд донел одлука. Ние во судот не сме добиле ништо. Причините зошто судиите бараат изземање од овој случај ги знаат во Апелација во Скопје. Ако таму одлучат повторно да судиме ние, тогаш судот е подготвен да почне со судење - вели Лазаров.

    Од Апелацискиот суд, пак, не знаат дека велешкиот суд не ја добил одлуката за тоа дали судот и четврти пат ќе суди за овој предмет или, пак, таа обврска ќе му биде доделена на друг суд. 

    - Одлука има, но не знам зошто не ја добиле досега. Ако е така, за брзо време ќе ја добијат. Не би сакал да ризикувам и да зборувам за причините поради кои беше барано изземањето. Имаме многу предмети, не се сеќавам на деталите - вели портпаролот на кривичниот оддел, судијата Сафет Кадрии.

    СТРАВОТ Е ГЛАВНАТА ПРИЧИНА

    Во недостиг од официјални информации, извори за „Нова Македонија" велат дека судиите во велешкиот суд одбиваат да судат за случајот „Ореше" затоа што се убедени дека уште на самиот почеток ќе почнат да се поднесуваат приговори, со што би се одолжувала постапката. 

    - Во судот прво треба да расчистат дали некој ќе се обиде да го одолжува случајот. По сѐ што им се случи со предметот „Ореше", можеби судиите со право се прашуваат дали да судат за предметот - вели нашиот извор. 

    Тој не знаеше точно да каже кои се тие што би можеле да го одолжуваат овој случај.
    Адвокатот на осудените, а потоа ослободени браќа Ѓоргиевски, Ѕвонко Давидовиќ, вели дека е невозможно друг суд да суди за „Ореше" затоа што кривичното дело се случило на територија за која е надлежен велешкиот суд. 

    - Сигурен сум дека судиите во Велес не се плашат од нас, адвокатите, или, пак, од обвинетите дека би можеле да приговараме или намерно да ја одолжуваме постапката. Во судот се плашат од некој друг - вели Давидовиќ, без притоа да прецизира на кого мисли кога вели некој друг.

    Убиството во Ореше може да отвори нов судски процес. Првиот човек на Републичкото јавно обвинителство Марко Зврлевски не одговара на прашањeто дали е точна информацијата дека се подготвува кривична пријава против оние што го присилиле заштитениот сведок Златко Арсовски-Бреза лажно да сведочи и да обвинува. Ако се докаже дека е точно тоа, тогаш паѓа во вода и пресудата за новинарот Томислав Кежаровски, осуден на четири и пол години затвор за откривање заштитен сведок, како и казните затвор за судиите Валентин Зафиров и Иле Танев, кои беа вклучени во случајот „Ореше". 

    Според Законот за судовите, судиите имаат право да бараат изземање од некој случај само ако има судир на интереси. Судот исто така може да се повика на судска ненадлежност само во конкретни случаи за кои законот предвидел дека ќе ги решава друг државен орган. Во сите други случаи судот не смее да отфрли барање за судење случај што се случил на неговата територија.

     

     
      
    Автор: Искра Опетческа  Фотографија: Дарко Андоновски
    (Нова Македонија)
     17 декември 2013
    Rating: 0.0/0
    Views: 246 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024