Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2025-07-17, 2:26 AM
Welcome Guest | RSS
Main | Православен календар | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Македонија [272]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Православен календар » Македонија » Македонија

    Има работа за занаетчии, недостигаат добри пекари, чевлари, бравари

    Има работа за занаетчии, недостигаат добри пекари, чевлари, бравари

    pekar

    Занаетчиите побараа поголема финансиска поддршка, практична едукација на млади кадри и услови за развој на дејноста. Голем дел од нив сметаат дека занаетите не изумираат, а укажуваат дека  младите се заинтересирани за отворање свој , мал занаетчиски бизнис, беше посочено на отворање на манифестацијата „Денови на занаетчиството".

    Според министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, старите занаети се потврда за нашата историја, култура и уметничките вредности. Како центар на оваа гранка ја посочи Старата скопска чаршија.

    „Нашите музеи поседуваат извонредни збирки народни носии, ткаени волнени килими, филигран, слики од срма, сувенири од дрво, крзно кожа, резбани икони, јамболии, грнчарија и експонати кои се производ на веќе изумрени техники на изработка. Заедничка е обврската да демонстрираме највисок степен на одговорност за негување на оваа традиција", забележа министерката која додаде дека Владата презема низа активности за ревитализирање на Чаршијата.

    Занаетчиите пак се пожалија дека грантовите што се доделуваат се мали и укажаа дека без пари тешко се развива нов бизнис.

    „Занаетчиството е потреба и на граѓаните и на стопанството. Некои традиционални, стари, занаети изумираат, за нив веќе нема потреба, ја завршиле својата улога. Но, тоа не значи дека и техниките на изработка се забораваат. Ги поврзуваме со нешто ново, современо. Така продолжуваат да живеат", изјави Снежана Денковска, извршен директор на Занаетчиската комора.

    Над 300 занаетчиски дејности се регистрирани во земјава, но нема доволно кадри за сите. Бројот на активни занаетчии е околу 7.000. Организирани се во 14 локални занаетчиски комори, а во дејноста најбројни се фризерите, козметичарите, сервисери на компјутери и бела техника, графичката и услужната дејност, металската струка.

    Статистиката покажува дека недостигаат пекари, чевлари, бравари и металозаварувачи. Како дел од манифестацијата  „Денови на занаетчиството" и годинава се доделуваат признанијата „Занаетчија на годината" и „Признание за најуспешните".

      (Фактор)

       17 декември 2013


    Rating: 0.0/0
    Views: 233 | Added by: Вељанко
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025