ГМО непожелно во Могила
Могила треба да ја доврши иницијативата од пред неколку години за прогласување на слободна ГМО зона, која не е формално дозавршена. Со цел да ја забрзаат постапката како и да презентираат пред граѓаните што ќе значи тоа, денес ДОМ организираше трибина во Могила. Како зелена партија се залагале што повеќе општини да бидат прогласени за вакви зони.
-Веруваме дека храната произведена во вакви зони ќе добие на квалитет, но и на цена, изјави Лилјана Поповска, претседател на ДОМ.
Што значи прогласувањето на слободна зона од ГМО?
-Одредена територија со закони и прописи ќе забрани одгледување, распространување и употреба на ГМО производи, вели Панче Николов, експерт за органско производство.
До крајот на годината општина Могила ќе стане ГМО слободна зона, вели градоначалникот на Могила.
-Могила е средиштето на Пелагонија, треба да се произведува органска храна, изјави Стево Пивковски, градоначалник на Могила.
Во Македонија има и други општини кои се прогласени за слободни ГМО зони, но само во Могила не е дозавршена иницијативата.
(Тера Телевизија)
17 декември 2013